Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сервер: Македонија не е пропадната држава но виси на работ

0
By Нова ТВ on September 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 21, 2016 10:42

Даниел Сервер, во интервју за Гласот на Америка,  вели дека Македонија, со долгата политичка криза, се довела на работ:

“Не мислам дека Македонија е пропадната држава, но се доведе себе си до работ, како многу пати до сега, но секогаш се извлекува во последен момент”, вели Даниел Сервер, директор на програмата за менаџмент на кофликт во Школата за напредни меѓународни студии на Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Според него, Македонија треба да влезе во НАТО како ФИРОМ и да не се чека решавање на спорот со Грција бидејќи во таа област нема и наскоро нема да има напредок.

“Не верувам дека тука ќе има прогрес. Груевски не гледа компромис, кој тој би можел да го прифати. Грците не гледаат компромис, што тие би можеле да го прифатат. Сметам дека за Македонија би било добро да влезе во НАТО како ФИРОМ, што е особено важно за внатрешните односи во државата, бидејќи Албанците многу повеќе од Македонците го сакаат членството во НАТО“.

Сервер вели дека начинот на кој тоа може да се направи е „претседателот на САД да му каже на премиерот на Грција дека тоа треба да се направи. А тоа е многу тешко да се постигне. Знаете, во 2008-та бирократијата го убеди претседателот Буш да се обиде во тоа, и не успеа“.

Тој додава дека „ никој во бирократијата сега не сака да оди кај претседателот на САД и да бара од него да го направи тоа, бидејќи еднаш веќе пропадна. Но, сепак мислам дека би можело да успее доколку се примени вистински притисок. Грција навистина нема што да изгуби, бидејќи е широко прифатено во Македонија ова да биде решено пред членството во ЕУ“.

За Сервер е загрижувачки ако ова не се случи, поради тенденција меѓу Македонците во Македонија да се свртат кон Русија за поддршка, додека тенденција меѓу Албанците во Македонија е да се вртат кон САД за поддршка.

Според него, продолжувањето на проблемот ќе се одрази врз меѓуетничките односи внатре во Македонија, што е особено лошо за стабилноста на регионот.

Целото интервју прочитајте го тука.

Гласот на Америка Даниел Сервер Македонија НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.