Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сервер за МИА: Ако нема решение, Македонија во НАТО со ПЈРМ

0
By Нова ТВ on March 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 30, 2018 12:02

Време е спорот за името да се реши. Тоа би било добро и за Грција и за Македонија, но и за регионот. Би бил радосен ако се најде заедничко прифатливо решение, но и ако не дојде до тоа Македонија треба да влезе во НАТО под привремената референца, вели во интервју за МИА американскиот политички аналитичар и професор на универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, Даниел Сервер.

– Многу политичари во Вашингтон треба да сфатат дека неуспехот да се најде решение за влезот на Македонија во НАТО е причина за меѓуетничките тензии. Ако владејачката гарнитура во Грција предводена од СИРИЗА не може да се договори со опозиционерите од Нова демократија и со коалицискиот партнер Независни Грци, Македонија треба и мора да влезе во НАТО во ситуација кога Русија шири конфронтација и покажува агресија во Европа и Западен Балкан, тоа е повеќе од потребно, вели Сервер за МИА.

Прашан што губи Грција ако спорот за името не се реши, Сервер смета дека нема да има директни последици врз Атина, но, сепак, неисполнувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг може да го оцрни нејзиниот углед и да резултира со некои чекори како што се тешкотии во позајмувањето кредити, бојкот на американски туристи, како и незадоволство на малцинствата кои живеат на нејзина територија, како што се албанското и македонското.

За најновите несогласувања меѓу Русија и Западот во врска со случајот „Скрипал“ поради кој и Македонија протера еден руски дипломат, Сервер вели дека Вашингтон високо го цени гестот на македонската Влада да се приклучи во заедничките американско-европски напори да се испрати силен сигнал кон Москва оти треба да запре со својата незаконска агресија врз други суверени земји.

– Руската закана до Македонија е празна и бесмислена. Сериозни обиди за дестабилизација имаше во последната година од владеењето на Никола Груевски со протестите и руската иконографија. Исто така, некои млади Македонци свесно или несвесно работеа во полза на руската агресија во американските избори во 2016 година. Значајно е тоа дека новата македонска Влада ја смета таа агресија за сериозна. Што мајка бара Русија во одлуката дали Македонија треба да влезе во НАТО или не. Тоа решение треба да го донесе народот во Македонија преку своите избрани претставници во власта и Русија со тоа нема ништо. Македонија во никој случај не е закана за Русија и таквите тврдења се целосна бесмислица, вели Даниел Сервер во интервјуто за МИА.

Македонија НАТО Преговори за името Сервер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.