Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија има важна улога како стабилизирачки фактор во регионот, порача Османи пред почетокот на министерскиот состанок на НАТО во Брисел

0
By Blerina Tahiri on November 28, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: ЦИВИЛ Медиа
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија има важна улога како стабилизирачки фактор во регионот. Ние сме функционална мултиетничка демократија и водиме преку личен пример, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи пред почетокот на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО во Брисел.

Случувањата во регионот на Западниот Балкан, посочи Османи, ќе бидат една од темите на денешниот министерски состанок на НАТО.

–  Верувам дека ова е најдобар начин за решавање на предизвиците со кои регионот се соочува, преку координиран пристап и синергиска акција, со верба дека само забрзана европска и евроатлантска интеграција на регионот е лек за проблемите на регионот, изјави Османи.

Османи, потсети дека Северна Македонија, беше домаќин на ЕУ дијалогот меѓу Србија и Косово што резултираше со договорот од Охрид, кој е основата за сеопфатен договор, како и дека неодамна Скопје беше домаќин на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и НАТО лидерите од регионот, кои разговараа за безбедносните прашања во регионот, како и дека преку претседателството со ОБСЕ сме вклучени во решавање на предизивиците.

–  Сакам да го поздравам првиот НАТО – Украина совет. Ќе продолжиме со поддршката за Украина, колку што ќе биде потребно. Исто така, ми претставува задоволство што ќе ги почнеме разговорите за подготовка за самитот во Вашингтон следната година, порача Османи.

На заседанието на Северноатлантскиот совет на министерско ниво, под претседателство на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, покрај шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата ќе присуствува и нивниот колега од Шведска, земја која е во процес на зачленување во Пактот. Меѓу главните теми за дискусија на состанокот, се очекува, да бидат конфликтот на Блискиот Исток, состојбата во Украина и случувањата во регионот на Западниот Балкан. 

Брисел Бујар Османи НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.