Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија ќе учествува во Креативна Европа (2021 – 2027), потпишан Договорот со Европската Унија

0
By НОВА ТВ Balaban on December 9, 2021 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 9, 2021 14:04

Буџетот на Европската Унија обезбеден за оваа програма изнесува 2,44 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година. Финансирањето на Европската Унија во рамки на различните акции на програмата се движи од 80 % до 40 % што е потврда за високото учество на неповратни средства и високиот износ на максимални средства за одобрени проекти.

Ве известуваме дека амбасадорката при Мисијата на Република Северна Македонија при Европската Унија, Агнеза Руси, и комесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади на ЕУ, Марија Габриел, го потпишаа Договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на Северна Македонија во Креативна Европа (2021 – 2027). Со потпишувањето на Договорот, нашата држава стана полноправна учесничка во новата програма на Унијата наменета за културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор, информираа денеска од Министерството за култура.

Програмата е усвоена на 28 мај 2021 година од страна на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија. „Креативна Европа 2021 – 2027“ се состои од три дела/потпрограми: Култура, МЕДИА и Меѓусекторски дел.  

Програмата ја препознава културната разновидност како главен приоритет преку кој треба да се одговори на предизивиците со кои се соочуваат културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор денес. Приоритети на програмата се: заштита, развој и унапредување на културната и јазичната разноводност и наследство, како и засилување на конкурентноста и на економскиот потенцијал на културните и креативните сектори и на аудиовизуелниот сектор. Програмата стреми кон усогласување на овие приоритети со подемот на дигиталните, инклузивните и еколошките политики на Европската Унија во смисла на обезбедување нивна одржливост.

Буџетот на Европската Унија обезбеден за оваа програма изнесува 2,44 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година. Финансирањето на Европската Унија во рамки на различните акции на програмата се движи од 80 % до 40 % што е потврда за високото учество на неповратни средства и високиот износ на максимални средства за одобрени проекти.

Програмата нуди можност за различни видови поддршка на релевантните сектори и опфаќа многубројни целни групи како потенцијални учесници во проектите (културни и креативни сектори, аудиовизуелен сектор, образовни институции, граѓански здруженија, општини и локални институции, приватни организации и др.). Импактот што се остварува со резултатите од имплементираните проекти претставува значајна поддршка во развојот на културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор на национално ниво. Креативна Европа овозможува максимална транспарентност и видливост на проектите и нивниот импакт.

Програмата на национално ниво се спроведува преку Канцеларијата за Креативна Европа при Министерството за култура (Потпрограма Култура) и Агенцијата за филм  (Потпрограма МЕДИА). Канцеларијата функционира како советодавно и информативно тело за спроведување на програмата.

 

Агнеза Руси Договорот Европската унија Креативна Европа потпишан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.