Хакери украле стотина доверливи јужнокорејски документи, вклучувајќи го и планот на Сеул и Вашингтон во случај на војна против Пјонгјанг, како и планот за ликвидација на севернокорејскиот лидер Ким Јонх ун, тврди јужнокорејскиот дневен весник Консун Илбо.
Весникот се повикува на изјава на пратеникот од владејачката партија Ри Чол Хиј кој тврди дека севернокорејски хакери успеале да дојдат до доверливи податоци од 235 гигабајти.
Јужнокорејскиот систем е хакиран во септември минатата година, а Пјонгјанг негира дека е вмешан во тоа.
Меѓу украдените документи е и Оперативниот план 5015, последниот американско- јужнокорејски план во случај на војна со Северот.
Пратеникот долго време не е достапен за коментар, но неговите најблиски тврдат дека весникот точно ја пренел неговата изјава.
Информацијата се појавува во време на исклучително големи тензии во односите на Корејскиот полуостров и меѓусебни закани на американскиот претседател Доналд Трамп и Ким Јонг ун, кој продолжува со нуклеарната и балистичка програма и покрај меѓународните санкции.