Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Интензивно работиме на јакнење на капацитетите на ромската заедница

0
By НОВА ТВ on September 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се сретна со оперативната директорка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Лејла Дервишагич. Со неа разговараше за процесот на реализација на втората фаза на Програмата РОМАКТЕД, која треба да обезбеди поголема интеграција на ромското население во локалните заедници преку учество во креирањето на локалните политики. Програмата почна да се реализира на почетокот на годинава, а ќе трае до крајот на 2024 година.

– Иако Република Северна Македонија, во рамките на регионот, важи за држава која има направено најголем исчекор во спроведување на успешни политики за поголема интеграција на Ромите, во делот на интеграцијата, вработувањето, социјалното домување, предучилишното образование, сепак има уште многу да се работи. Затоа, оваа поддршка што ја добиваме преку нашите партнери Советот на Европа и Европската Унија за нас е многу значајна. Интеграција на ромското население во локалните заедници преку учество во креирањето на локалните политики е наша основна цел, рече Шахпаска.

Таа додаде дека зајакнувањето на ромската заедница на индивидуално ниво, како и на ниво на заедница, подобрување на капацитетите и на знаењето, како и подобрување на квалитетот на живеењето и ублажување на ефектите од пандемијата со КОВИД-19, се процеси кои се од суштинско значење, доколку сакаме реален напредок на ова поле.

Оперативната директорка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје Лејла Дервишагич оцени дека Република Северна Македонија во изминатиот период покажала силна посветеност во реализација на проекти кои значат директна поддршка за ромското население.

– Многу е важно да има блиска соработка меѓу градоначалниците и локалната администрација на општините каде ќе се спроведува овој проект. Бидејќи имаме општини кои покажале силна посветеност и на тој начин постигнале поголема интеграција на ромското население, тие општини треба да бидат пример за другите локални единици“, оцени Дервишагич.

Програмата, која е поддржана од меѓународните партнери Совет на Европа и европската Унија,  ќе се имплементира во Општините Берово, Битола, Делчево, Дебар, Гостивар, Кичево, Крива Паланка, Кочани, Штип, Шуто Оризари, Виница, Велес, Струмица, Тетово и Прилеп. Шахпаска е уверена дека градоначалниците и локалната администрација ќе покажат силна посветеност во реализацијата на Програмата РОМАКТЕД, која се очекува да даде позитивни резултати за ромското население.

Роми средба шахпаска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.