Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Унапредување на квалитетот на стручниот кадар е предуслов за квалитетно предучилишно образование​

0
By Sashko on September 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 20, 2021 18:38

Подигнување на квалитетот на услугите во предучилишното образование и грижа што треба да доведе до поголеми образовни постигнувања, личен развој и социјална вклученост на децата, беше тема на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со експертскиот тим кој работи на Проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“, финансиран во рамите на Акција 4 „Образование, вработување и социјална политика“ од Акциската програма на ИПА 2017.

Министерката Шахпаска оцени дека врвен приоритет е да се обезбеди најдобриот модел, со кој ќе се унапреди квалитетот на предучилишното образование на децата, преку унапредување на квалитетот на стручниот  кадар во градинките.

На средбата, министерката посочила дека проектот ќе придонесе за побрз професионален и кариерен развој на стручниот кадар во градинките според европските стандарди. Таа предложила воспоставување на мерит систем заснован врз објективни вредности.

Мерит системот ќе придонесе за унапредување на улогата на стручниот кадар во градинките. Тој ќе биде заснован на вредности кои ќе гарантираат објективност. Кариерниот развој ќе биде според постигнатите резултати. Сакаме да ги градиме вредностите. Само така ќе го унапредиме квалитетот на образованието во предучилишната возраст. Тоа значи и мотивација за вработените за надградба и унапредување, рече Шахпаска.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека воведувањето на систем на обуки и креирање на модели, лиценцирањето на стручните лица и зајакнување на родителското учество во детските градинки, особено на родителите на деца во ризик и деца кои се социјално исклучени се дел од моделите преку кои ќе се унапредува квалитетот во предучилишното образование.

Јагода Шахпаска Македонија образование Стручен кадар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.