Откако со кренати раце, демонстрантите го пробија кордонот со полиција, тие се упатија кон зградата на Владата. „Белата куќа“, како што иронично ја нарекуваат владата, повторно е мета на Шарената револуција. Чаталот и вечерва беше употребен за да ја обои фасадата, а демонстрантите пееја „Шутка не ти бега Никола“. Во моментов пред владата има многу полиција и многу демонстранти, но нема инциденти.