Вечерва протест на Шарената револуција се одржува и во Тетово. Стотици демонстранти излегоа за да го искажат својот револт против аболицијата на Претседателот Ѓорѓе Иванов. Со транспарент „Не ви се плашиме“ упатени кон власта и „Оди си“ – порака кон Претседателот, демонстрантите протестираа во Тетово.