Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шарлотсвил: Американската јавност побрза од Трамп

0
By Нова ТВ on August 15, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Доналд Трамп му беа потребни три дена за да го осуди расизмот во Шарлотсвил во Вирџинија по насилствата во кои животот го загуби една девојка. Но твитерџиите и американската демократска јавност реагираа многу побрзо.

Американската фирма GoDaddy која се занимава со менаџирање на интернет сајтови, вчера објави дека ќе прекине да му дава услуги на на неонацистичкиот сајт The Daily Stormer. Овој сајт во неделата објави текст во кој се критикуваше младата жена која го загуби животот во текот на настаните во Шарлотсвил.

Кевин Планк, газдата на Under Armour

Доцната реакција на Трамп не му се допадна ни на Кевин Планк, член на консултативниот совет на американските индустријалци (American Manufacturing Council), совет кој го оформи Трамп за да добие помош од индустријалците на економски план. Планк, директор на спортската нарка Under Armour, одлучи да поднесе оставка.

Ден претходно Кенет Фразиер, директор на Merck, исто така најави дека повеќе не сака го советува Трамп:

Кенет Фразиер, газдата на Мerck.

“Американските лидери треба да ги почитуваат нашите фундаментални вредности и јасно да ги отфрлат сите изблици на омраза, сектаризам и национализам кои го негираат американскиот идеал кој вели дека сите луѓе се еднакви”, напиша Фразиер на официјалниот сајт на неговата фирма.

Реакциите на Твитер со последици за расистите

На Твитер уште во саботата се појави профилот @YesYoureRacist (Да ти си расист) на кој се објавуваат имињата и слики на учесниците во судирите меѓу националисти и антирасистите.

Профилот го следат засега 260.000 лица а тој ги охрабрува следбениците да го бараат идентитетот на учесниците и да ги пренесат информациите што ги имаат: “Ако препознаете некој од нацистите кои маршираа во Шарлотсвил испратете ги нивните имиња и профили и јас ќе ги направам славни”, пишува на анти-расистичкиот профил. Објавите се споделуваат илјадници пати.

Последиците веднаш се почувствуваа. Еден човек чие што име беше споделено на овој профил ги загуби работното место. Ресторанот Top Dog во кој тој работеше го отпушти а ресторанот објави дека “актите на оние кои беа во Шарлотсвил ја немаат поддршката на Top Dog”.

Се разбира целта не е да се загрози работното место или физичкиот интегритет на белите националисти и расисти туку да им се стави на знаење дека нинвите акти ја немаат поддршката на општеството. Од учесниците чии имиња беа објавени дојдоа извинувања.

Така Питер Цвјетанович, студент чија фотографија беше објавена, се обиде да се правда:

“Се надевам дека луѓето што ја споделуваат оваа фотографија ќе прифатат да чујат дека не сум расист и дека белите националисти не се сите сеачи на омраза. Ние само сакаме да го сочуваме она што го имаме. Дојдов на маршот за да ја пренесам пораката дека белата европска култура има право да биде тука како и секоја друга”, изјави тој на радиото Channel2.

Овие негови зборови предизвикаа подбив кај твитерџиите:

“Аха, чудно. Значи си патувал од Невада во Вирџинија со бакел во раката и си извикувал расистички слогани. Сфаќаш ли зошто сме збунети од твоите зборови”.

На Фејсбук се појави и профилот RefuseFascism (одбијте расизам) кој организира протести против Доналд Трамп кому му требаа три дена за да го осуди расизмот.

Некои од учесниците од Шарлотсвил одлучија едноставно да го затворат своите профили на социјалните мрежи.

 

@YesYoureRacist RefuseFascism Доналд Трамп расизам Твитер Шарлотсвил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.