Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шавкан – добитник на наградата за слобода на медиумите на УНЕСКО

0
By Нова ТВ on April 23, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 23, 2018 15:01

Египетскиот фоторепортер Махмуд Абу Заид, познат како Шавкан, е добитник на главната награда за слобода на медиумите на УНЕСКО за 2018 година.

Тој е во затвор од август 2013 година, откако бил уапсен додека известувал за демонстрациите на плоштадот Рабаа Ал-Адавија во Каиро. Во 2017 година, медиумите известуваа дека обвинителот барал смртна казна.

-Бев ставен во многу мала ќелија со други 39 затвореници. Во ќелијата беше многу жешко, немав место да седам и беше невозможно да дишам. Немаше вентилација.  Не ми дадоа ништо за јадење и пиење првите три дена. Бев многу исплашен и мислев дека ќе умрам. Секој час доаѓаа и ме тепаа. Тоа беа најлошите денови од мојот живот. Ме боли и самата помисла на нив.  Не добив никаков медицински третман за моите повреди,  тука само тепање, раскажува Шавкан за организацијата за човекови права Аменсти Интернешенал.

Претседателката на житито Марија Реса изјави дека наградата, со која се оддава признание за унапредување на слободата на медиумите, како и „признание за неговата храброст, отпор и посветеност на слободата на изразување“.

Египетското Министерство за надворешни работи вчера го предупреди УНЕСКО поради таквата одлука, укажувајќи дека Шавкан се соочува со обвиненија поврзани со тероризмот.

Обединетите Нации оценија дека неговото апсење и притворање е произволно и спротивно на правата и слободите загарантирани со Универзалната декларација за човекови права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

Наградата ќе биде доделена на 2 мај, Денот на слободата на медиумите, кој годинава се прославува во Гана.

Наградата препознава лице, организација или институција кои имале исклучителен придонес за одбрана на слободата на изразувањето, особено при опасност. Таа се доделува во чест на Гиљермо Кано Исаза, колумбискиот новинар кој беше убиен пред канцелариите на неговиот весник „Ел експектадор“ во Богота, на 17 декември 1986 година.

 

 

 

Махмуд Абу Заид слобода на медиуми Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.