Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шегите како традиционална вредност помеѓу различните Европејци

0
By Нова ТВ on May 13, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мигрантската криза, грчката криза, еврокризата, Шенген, анти-европски марширања, закана од Брекзит…се ова е дел од денешната Европа, а каде што живеат луѓе од различна етничка или религиска припадност и различни по бојата на кожата.

Роман Сеиноверт, кој работи во областа на односи со јавноста, 29-годишен Французин, неодамна објави збирка шеги кои соседите во Европа ги зборуваат едни за други. Како што вели тој, тоа е богатството на европската традиција.

– Ние сме голема, заедница со различности, со долговековна историја а нашиот хумор се рефлектира во тоа, вели тој.

„Со кого се исмејуваме“ е насловот на книгата во која има 345 шеги.

Во неа и македонско-грчкиот синдром. Или, како што се вели во книгата:

„Македонците им се потсмеваат на Грците за нивниот недостаток од машкост: Доколку знаеше да готвиш и чистиш немаше да ми треба слугинка, и вели Гркот на својата жена. Таа пак му одговара: Ако знаеше да водиш љубов, немаше да ми треба Македонец за тоа“.

Во книгата е запишана уште една шега на сметка на македонско-грчките односи. Сеиноверт некаде наишол и на тоа какво мислење имаат Македонците за “корумпираните“ Грци и ја раскажувале следната шега:

„Грчки возач ја паркира својата кола пред Парламентот во Атина. „Не смееш да паркираш овде. Овде работат политичарите“, му вели полицаецот. На тоа Гркот одговара: „Во ред е, затоа ставив и аларм на колата“.

Во збирката не се изоставени ниту шегите помеѓу Португалија и Шпанија. Португалците за “вообразените“ Шпанци се потсмеваат:

„Тато кога ќе пораснам сакам да бидам како тебе, вели детето на татко од Шпанија. „Еј супер сине, поради што?“ и детето одговара: „За да имам син како мене“.

Италијанците за нив самите:

„Три причини зошто Исус е Италијанец. Само италијански син живее со својата мајка додека наполни 30 години. Само италијански син се уште може да мисли дека мајка му е девица. Само италијанска мајка може да мисли дека нејзиниот син е бог“.

Понатаму шега и за Австријците кои сметаат дека Германците се досадни:

„Главната разлика помеѓу Австријците и Германците е дека Германците би сакале да ги разберат Австријците ама не можат, додека Австријците ги разбираат Германците ама радо не би“.

Грција Македонија шега
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.