Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска: Анализата во владината коалиција ќе покаже кои функционери ќе бидат разрешени

0
By Нова ТВ on May 11, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска најави дека по утрешната инаугурација на новиот претседател, партнерите во владината коалиција ќе направат  анализа кои  функционери  треба да бидат разрешени.

„Тоа не  е прашање само на персонални рокади и промени, туку прашање на промени што се неопходни во системот на одлучување. Можевте да видите и во текот на целата кампања колку се силни критиките од страна на граѓаните, на бизнисот и на медиумите, на пример за состојбите во одредени делови на нашата администрација каде што луѓето сметаат дека е уставно право да земаат плата, но не им е уставна обврска да работат, кажа Шекеринска.

На новинарско прашање како ја коментира изјавата на министерот за животна средина Садула Дураку дека за неговото разрешување не одлучува премиерот, туку претседателот на неговата партија ДУИ, Али Ахмети, Шекеринска рече дека во програмата на  коалициска влада  стои  дека тој тип на партиски феуди не се добри за државата.

„Нашата цел не е да ги поделиме ресорите и да кажеме дека секој ќе работи што сака. Затоа што тоа не е влада, туку партиски самопазар и партискиот пазар ја доведе државата во 2016 година во калта од која што две години  се трудиме да ја вадиме.

Свесни сме дека граѓаните не очекуваат промена само од СДСМ или само од ДУИ или само од другите политички партии . Таа промена ја очекуваат од сите нас заедно. Или заедно ќе успееме или заедно ќе претрпиме неуспех, кажа Шекеринска.

ДУИ СДСМ смени во Влада Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.