Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска: Да изградиме повторно и подобро, функционирањето на стариот начин веќе не е опција

0
By НОВА ТВ on September 6, 2021 ЕКОНОМИЈА
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Изгради повторно и подобро“ – тоа треба да ни биде амбицијата. Функционирањето на стариот начин, веќе не е опција, рече денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

На првиот панел од конференцијата за економското закрепнување по КОВИД, Шекеринска истакна дека треба да креираме економија која ќе биде помалку зависна од јаглен (less carbonated), да изградиме модерна инфраструктура, универзална здравствена заштита, да создадеме координирани правила на дигиталната ера.

-И покрај нашата главна цел која е насочена кон борба со климатските промени, треба да планираме за ефектите на промената на климата со кои веќе се соочуваме – погледнете ги пожарите, поплавите. Ова бара генерална обнова на сите наши системи, почнувајќи од безбедноста, но одејќи кон различни области. Мислам дека практично, опцијата за функционирање на стариот начин, повеќе не е опција на масата. Видовме како владите можат да ставаат пари во економијата и најверојатно пост КОВИД ние ќе треба да го одржиме овој напор не само во економијата, туку и во јавната инфраструктура. Но, кога ќе ги даваме овие пари со што ќе овозможиме економијата да расте, нашите политички и цивилизациски приоритети мора да бидат повидливи, истакна министерката.

Верувам, дополни, дека ќе имаме пропуштена шанса ако не ги комбинираме силните субвенции за компаниите со поголема општествена одговорност во однос на животната средина во подобри социјални модели и да ги користиме како дел од нашите буџетски политики за повторно да ги разгледаме даночните системи, политиките на доход, како и некои од политиките и теориите против сиромаштијата.

Шекеринска порача дека мора да ги направиме нашите општества, не само нашите институции, поотпорни и ако не се фокусираме на корените на нестабилностите, поголемиот дел од работите што се прават, дури и во одбранбениот сектор, нема да бидат доволни.

-Затоа мојата молба е, да се бориме со нееднаквоста, да се бориме со корупцијата, да ги проанализираме сите правила кои беа типични за нашиот систем пред две години. Да бидеме покреативни и да ја гледаме големата слика цело време, истакна Шекеринска. 

инфраструктура јаглен Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.