Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска: Да не пропуштиме уште една шанса

0
By Нова ТВ on July 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија изгуби историска шанса во 2008 и не можеме да си дозволиме таков луксуз да испуштиме уште една шанса. Нѐ чинеше загубена деценија, а го загубивме и чекорот со нашите соседи, вели вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за Независната балканска новинска агенција (ИБНА).

Таа истакнува дека во пресрет на референдумот, фокусот треба да биде на позитивниот аспект, на позитивните резултати од Договорот со Грција, кои не се само НАТО и ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

 „ Последиците од „не“ (на референдумот) се сериозни. Луѓето немаат потреба од нас, ние да им ја нацртаме оваа мрачна слика, бидејќи ја видоа во нивниот реален живот. Верувам дека треба да направиме кампања којашто ќе се фокусира на позитивните работи. А, не верувам дека единствените позитивни работи се поканата од НАТО или членството во ЕУ. Јас не сум лажна идеалистка кога велам дека ако погледнете и ги видите вашите соседи како ваши сојузници, ќе ви биде многу подобро. Ќе бидете посилни. Ќе бидете постабилни. Затоа, верувам дека можеби основниот аргумент за нашиот договор со Грција не се само ЕУ и НАТО, туку фактот што можеме да кажеме „избравме друг курс- вели Шекеринска.

Потенцира дека Македонија и Грција делат исти проблеми, исти ризици и се соочуваат со истата криза, „а ако не го разбереме нашиот регион и нашата стабилност, некој друг ќе го стори тоа и нема да ни се допадне“.

Во однос на ставот на граѓаните во Македонија вели дека секогаш ќе постојат луѓе што чашата ја гледаат полупразна или полуполна.

– Врз база на бројните разговори и дискусии што ги имав со голем број луѓе во Македонија, тие имаат некои критики во однос на аспектите на договорот, кон целата идеја дека мораше да преговараме за такво нешто за да се придвижиме напред. Но, длабоко, тие ја ценат стабилноста. Длабоко во нив ги ценат решенија. Длабоко ги ценат лидерите кои им велат „тешко е, но ќе успееме”, наместо оние кои се жалат за другите, за оние кои создаваат непријатели околу нас. Значи, да, ќе постојат гласни критичари на Договорот, но не се сомневам дека мнозинството од граѓаните на нашата земја се чувствуваат подобро и посигурно за да ја видат ова поинаква иднина што се распространува пред нив- нагласува Шекеринска.

Коментирајќи ја поканата за членство во НАТО, министерката за одбрана објаснува дека „земјата помина тешки и критични периоди во изминатите три години“ и се потсетува на моментот кога беше формирана владата како момент на, како што вели, голема радост, но и голема одговорност. Тогаш стремежот бил, следната година Македонија да добие покана од НАТО, но и датум за пристапни преговори со ЕУ.

„Но бевме некако скептични дали работите можат да се движат доволно брзо. Така, кога земјата го склучи договорот со Грција, беше навистина момент на надеж. Денес, оваа надеж станува се пореална. Но, во политиката, особено на Балканот, завршено е само кога целосно ќе се заврши. Затоа треба да останеме фокусирани. Може да имаме ден за славење, но во реалноста најголем дел од мислите и нашите чувства веќе се насочени кон следната цел, а тоа е еден успешен референдум, успешен процес на имплементација и интеграција во НАТО- вели министерката за одбрана во интервјуто за ИБНА, пренесе МИА.

референдум Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.