“Нејзината визија и ангажман одиграa директна улога за Северна Македонија да стане НАТО сојузник”, се вели во образложението на одлуката.

Mинистерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска, на Денот на Армијата на Република Северна Македонија – 18 Август, доби медал за посебни достигнувања од командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

“Нејзината визија и ангажман одиграa директна улога за Северна Македонија да стане НАТО сојузник”, се вели во образложението на одлуката.

Шекеринска преку својот Фејсбук профил се заблагодари за почеста. 

„Благодарам генерал Најт! Благодарам Вермонт!
Медалот за посебни достигнувања што ми го доделивте денес на Денот на Армијата, го посветувам на сите граѓани на мојата земја. Моите заслуги се и нивни заслуги. Да живее партнерството на Северна Македонија и Вермонт!“, објави министерката на Фејсбук.
Пораката од Вермонт е дека „Шекеринска имаше витална улога во поддршката и развојот на државната програма за партнерство со Националната гарда на Вермонт“.
– Нејзиниот континуиран ентузијазам во партнерството доведе до забележителни успеси во односите. Нејзиното исклучително лидерство, јасни намери и динамичен ангажман служи како пример за целата програма на државното партнерство, се додава во пораката.