„Македонија мора да им овозможи на своите граѓани квалитетни, ефикасни и достапни јавни услуги. Тоа е  суштината на секоја добро организирана држава. Граѓаните се жалат дека многу тешко ги завршуваат своите обврски низ државните институции, дека тешко доаѓаат до информации, дека е мал борјот на шалтери, дека мора да излезеш од работа за да си ја завршиш обврската, а дека трошоците постојано растат“, изјави заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

 

Таа рече дека СДСМ има план тоа да се промени, секоја институција во која граѓаните ги остваруваат своите права да работи во две смени и да овозможи услуги за граѓаните до 20 часот секој работен ден. Дополнително сите непотребни документи кои значат голем трошок на граѓаните, многу изгубено време да бидат укинати, и да не бидат дел од ваквите постапки.

 

„Имаме план за секоја постапка којашто се води во државната администрација во рок од 6 мецеси да бидат објавени сите документи којшто се потребни, да биде објавено колку трае, и да биде објавено колку вкупно чини. Само на таков начин државата ќе работи за своите граѓани, само на таков начин институциите и администрацијата ќе бидат во служба на своите граѓани“, додаде Шекеринска.

 

На овој начин СДСМ смета дека дополнително ќе се искористат сите ресурси и сите капацитети на луѓето во државната администрација и секој службеник ќе може чесно да си ја заработи својата плата којашто ја добива од граѓаните на Република Македонија.