НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Поголем буџет за одбраната и повисоки плати за вработените

0
By Нова ТВ on November 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За реформи во одбранбениот сектор во пресрет на членството во НАТО за 2019 година е предвиден зголемен буџет.

Како што информира на денешната прес-конференција министерката за одбрана Радмила Шекеринска, буџетот за одбраната во 2019 ќе изнесува 8,3 милијарди денари. Тоа е зголемување на буџетот за 2019 година за 0,24 проценти од БДП, а во однос на ребалансираниот буџет за 2018, зголемувањето е за 33,36 проценти.

Приоритети на буџетот во одбранбениот сектор ќе бидат квалитативно зајакнување на персоналот, опремување на АРМ согласно НАТО-стандардите и подобрување на условите за работа на припадниците на Армијата.

Согласно заложбите што беа поставени за постепено зголемување на буџетот во одбраната до два отсто од БДП, што е согласно стандардите на НАТО, буџетот за следната година ќе достигне ниво од 1,19 проценти од БДП.

Предвидено е зголемување на платите на вработените во АРМ и Министерството за одбрана. Оваа година имаше десет процентно зголемување на платите на вработените во Армијата кое се реализира од 1 јануари, а од септември следната година е предвидено петпроцентно покачување на платите и за вработените во АРМ и за вработените во Министерството за одбрана. Од вкупната сума на буџетот 3.969.000.000 денари се наменети за плати и надместоци.

Шекеринска истакна дека постои преголема бројка на ангажирани во МО во споредба со држави со слична големина и додаде е потребно таа бројка со тек на време да се намали, а секако да се промени и профилот на луѓето кои работат во МО.

-Не сакаме тоа да биде болен процес, бидејќи со таквите процеси само ќе се зајакнат политичките коментари. Според нас еден дел од функциите на МО треба да се дивестираат На пример како еден дел од работите кои не се суштински врзани со одбраната да се префрлат во претпријатие, кое може да биде државно и дава услуги на МО, како што е тоа случај во најголемиот број земји-членки, рече министерката.

Таа го посочи примерот со Хрватска, каде за целокупната грижа за исхраната и за дел од логистичката поддршка на Министерството е задолжено државно претпријатие, кое е е во рамки на Министерството, а тоа само плаќа за услугите.

-Еден дел од вработените во МО предвидуваме да се префрлат во некои други институции, во тек се разговори со Дирекцијата за заштита и спасување. Гледаме шанса поранешните професионални војници да бидат отстапени на Министерството за здравтсто за обезбедување заштита на делот на нивните објекти, рече Шекеринска.

Оваа година во буџетот беше пресметано ангажирање на 375 нови професионални војници, во првите два циклуса се примени првите 250, а во тек е изборот на дополнители 125, а за следната година е предвидено подмладување на составот, со акцент на помлади кадри во АРМ.

– Нема поголема гаранција за безбедноста и за економскиот просперитет на Република Македонија од членството во НАТО. Затоа членството во НАТО е еден од силните фокуси на Владата на РМ. Тоа е во исто време гаранција за добро опремена и силна армија, рече Шекеринска.

Таа нагласи оти „се враќаме на стандардите кои пред десет или 11 години беа изгубени, како во овој, така и во многу други сектори на функционирање на државата“.

Потсети дека во јули 2018-та, Владата го усвои Стратегискиот одбранбен преглед, документ кој се смета за клучен податок за тоа каде ќе се движи македонската одбрана, во него се дефинирани правците за развој на целиот одбранбен сектор.

– Буџетот за 2019 ќе биде во поддршка на важните и крупни реформи кои произлегуваат од СОП, а пред се ќе значат модернизација и опремување на Армијата и исполнување на НАТО-стандардите во сите области на одбраната, нагласи министерката за одбрана.

За стоки и услуги се наменети 1,8 милијарди денари, кои се предвидени пред се за набавката на униформи, која е во тек, но ќе се исплаќа од следниот буџет, делот од испораката на воените чизми, но и храната, резервните делови за одржување на борбената и неборбената техника во АРМ, како и зајакнување и зголемување на обуките и школувањата на припадници на АРМ. Во оваа ставка се и финансирањата на мировните мисии во НАТО, ЕУ и ОН. Планирано е следната година учеството во мировните мисии да се зголеми за околу 25 отсто.

Во делот на капиталните расходи, каде, како што посочи Шекеринска е потребно усогласување со НАТО стандардите односно 20 отсто од буџетот да се одвојат за оваа ставка, има зголемување од десет на 15 отсто или околу 1,3 милијарди денари. Овие пари ќе бидат наменети за опремување и модернизација на АРМ, со приоритет на декларираните единици за мировните мисии.

Буџетот, посочи Шекеринска, предвидува подобрување на логистичката поддршка на АРМ и за набавка на материјални средства за логистика се  предвидени 407 милиони денари, што е зголемување за 85 проценти. Тука спаѓа набавката на теренски и службени униформи, одржување на борбени и неборбени машини, но и набавка на муниција и средства, непходни за вежбање на единиците и нивно учество во различни заеднички вежби.

Заради подобрување на борбената готовност на АРМ зголемен е износот за одржување на борбената и неборбената техника и тоа за 125 отсто.

Издвоени се 75 милиони денари за реконструкција на АРМ, кои ќе бидат наменети за подобрување на условите за работа во сите објекти, со приоритет на оние во кои постојано се ангажирани припадниците на АРМ. Дел од овие средства ќе се употребат за подготовка на еден објект во касарната во Куманово, во кој во 2020 година ќе биде сместена бригадата за ЈИЕ.

Во буџетот е предвидено и зголемување на лицата, кои ќе бидат испратени во македонското претставништво во Брисел, како во армискиот дел, така и во делот на одбранбената политика.

-Во однос на нашата мисија во НАТО веќе се направени сите проценки, колку луѓе ќе бидат потребни, колку простор ќе ни биде потребен во новата зграда. Ќе зајакне и воената компонента. Во моментов военото претставништв го предводи Круме Велковски, а во тек е избор на уште еден потполковник, двајца дополнителни државни службеници, кои ќе ја надполнат нашата мисија, рече Шекеринска.

буџет 2019 одбрана Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.