Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска во посета на македонските војници во Кабул

0
By Нова ТВ on November 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вашата земја не само воено, туку и политички е мошне важна за мисијата на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“, бидејќи секоја членка е дополнителна вредност. Посакувам вашата земја наскоро да ги преземе сите потребни чекори и мошне брзо да се приклучи кон Алијансата, како нејзина 30. членка.

Ова го порача денеска во Кабул високиот цивилен администратор на НАТО за Авганистан Корнелуис Зимерман, по средбата во Централната команда на мисијата во Кабул, со македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која е во посета на македонскиoт контингент во „Одлучна поддршка“.

Двајцата соговорници на средбата разговарале за состојбата во Авганистан и можностите кои се отвораат за политичко решение на кризата во земјата, која трае веќе 17 години, јави известувачот на МИА од Кабул.

–  Евидентна е вашата посветеност на мисијата на НАТО во Авганистан. Вашите сили придонесуваат на мошне важен начин во мисијата за тренинг, асистрирање и советување на авганистанските сили, рече Зимерман.

Шекеринска истакна дека на средбата разговарале за за политичките проблеми и политичката ситуација во Авганистан во момент кога се отвора можноста за конечно изнаоѓање на политичко решение за кризата.

-Земјите-членки на НАТО ја поддржуваат ова мисија долги години и сега прв пат постои шанса за политички дијалог, политички преговори, кои можат да предизвикаат пресврт во состојбата. Добивме голема и силна благодарност заради нашиот постојан ангажман, рече Шекеринска.

Потсетувајќи дека Македонија е една од државите кои од самиот почеток на НАТО мисиите во оваа земја се ангажирала да го даде својот придонес, таа истакна дека земјата продолжува со тој ангажман.

-Тоа е најдобриот начин Македонија да покаже што има да понуди и да добие сили кои ќе ја гарантираат и нејзината безбедност, изјави Шекеринска по средбата со Зимерман.

Таа за време на посетата на Централната команда, каде беше пречекана од пречекана од 27-мината припадници на АРМ, кои служат таму – тројца штабни офицери и 24 припадници на Единицата за заштита на силите.се сретна и со командот на „Одлучна поддршка“, американскиот генерал Остин Милер.

Министерката Шекеринска во Кабул пристигна изутрината, а беше пречекана на аеродромот „Хамид Карзаи“ од командатот на македонскиот контингент, полковник Кенан Рахиќ и 12-мината македонски припадници во Командата за обука, советување и асистенција – Главен град (КОСА-ГГ), која дејствува во рамки на аеродромот, како и од деветмината припадници на контингент од КОСА- Север, кои од Мазар-е-Шариф дојдоа тука за посетата на Шекеринска.

Македонскиот контингент, како што јави известувачот на МИА од Кабул, има 49 припадници, а Македонија во НАТО Мисијата „Одлучна поддршка“ се приклучи од самиот нејзин почеток, 1 јануари 2015 година. „Одлучна поддршка“ е неборбена НАТО мисија посветена на обука, советување и помош на авганистанските национални сили за одбрана и безбедност. Таа беше лансирана по завршувањето на претходната НАТО Мисија во Авганистан, ИСАФ.

Кабул македонски војници НАТО Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.