Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: За да биде витален Преспанскиот договор, потребен е ЕУ-контекст

0
By Соња Крамарска on June 15, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од денешната дебата во Струга на Преспа форумот за дијалог
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За поместување од статус-кво состојбите секогаш се потребни вистински политичари кои сакаат да пронајдат решение и во таа смисла големата лекција што се извлече од Преспанскиот Договор е дека не избираме политичари да служат како скапи огледала, туку политичари кои треба да гледаат во иднината, порача поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на обраќањето на панелот „Научени лекции и просперитет“ на „Преспа форумот за дијалог“ во Струга.

„Денес за Преспанскиот договор никој не вели дека ќе го поништи. Јас не сум видела таков ниту во Северна Македонија, ниту во Грција. Тоа е големиот доказ за успехот на Преспанскиот договор. Дури и оние кои што беа строги критичари, сега молчат“, рече Шекеринска.

Таа порача дека Преспанскиот договор не потсети оти миротворците се оние кои што го создаваат мирот, а по јавниот отпор што го имаше во почетокот, сега јавноста може да види дека има придобивки, особено денес кога безбедноста повторно е на дневен ред.

„Мислам дека нема многу луѓе кои што размислуваат што би се случило во Северна Македонија доколку не обезбедевме место како земја членка на НАТО. Тоа без Преспанскиот договор не беше возможно“, истакна поранешната министерка Шекеринска, додавајќи дека за да биде витален Преспанскиот договор, потребен е ЕУ-контекст.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во обраќањето на панелот предочи дека успехот на Преспанскиот договор се должи на комуникацијата, соработката и поддршката од меѓународната заедница, односно од Брисел и Вашингтон, како „центри градители на мирот“.

„Ние поставивме цели, а првата наша цел беше мирот, стабилноста и безбедноста за нашата држава. Исто така наша цел беше нула проблеми со соседните држави, а потоа да се приклучиме на државите со напредна демократија, а не на автократските држави. Се определивме за држава и владеење на правото и овој наш успех слободно ќе речам треба да се сподели заедно со меѓународната заедница“, нагласи Ахмети.

Извршната директорка за Европа и Централна Азија на Европска служба за надворешно акција, холандската амбасадорка Анџелина Ајхорст, потсетувајќи на деновите кога беше потпишан Преспанскиот Договор рече дека тоа е резултат на политичка волја за која имаше и политичка цена.

„Потребно беше стратешко водство од двете страни, потребна храброст, затоа што зад секој успешен договор постои политичка волја на лидерите и подготвеност да се плати цената за тоа. Ние во тоа време ги видовме сите негативни вибрации што се ширеа во почетокот на преговорите, но мора јавно да кажам дека Русија не поддржуваше никаква активност за напредок по ова прашање за оваа земја. Но, и покрај нивните обиди за саботирање, тоа не им успеа, не им успеа затоа што покажавме обединетост“, рече Ајхорст.

Според неа, и денес е важно да бидеме обединети и да застанеме заедно зад иста цел и во таа смисла тајмингот е од пресудна важност.

„Важно е лидерите да дојдат до политичка одлука, а за нас во ЕУ проширувањето не е веќе мит, не е дали, туку, како и колку брзо и колку ефикасно можеме да го направиме тоа, бидејќи премногу долго време чекаме за ова“, истакна Ајхорст.

Извор: МИА

 

„Преспа Форум“ Али Ахмети Преспански договор Радмила Шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.