Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Знаеме дека во НАТО нашите народи се побезбедни заедно отколку сами

0
By Marija Todorovska on January 13, 2025 ВЕСТИ
Фото: atlanticcouncil.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Патот кон членство во НАТО може да потрае подолго од очекуваното, барем така беше во случајот со Северна Македонија, а знаеме со какви предизвици се соочи и Шведска, но таа успеа да ги реши и сега е дома, изјави заменик генералната секретарка на Алијансата, Радмила Шекеринска во обраќањето на Годишната национална конференција на здружението „Народ и одбрана“ на тема „Ковање на иднината: Стратешката визија на НАТО под новото раководство“, што се одржува во шведскиот град Селен.

– Патувањето кон членство во Алијансата не е секогаш едноставно. Вие го знаете ова, а јас го знам од моето искуство работејќи за Северна Македонија при зачленувањето во НАТО пред неколку години. Секој народ има право да си го избере својот пат, а ние го избравме патот на слободата и демократијата. Вашето членство во НАТО е добро за стабилноста на Далечниот Север, Балтикот и пошироко, рече Шекеринска.

Таа ја нагласи важноста на членството НАТО, особено кога е присутна закана од Русија во различни форми.

– Свесни сме и будни сме. Знаеме дека во НАТО нашите народи се побезбедни заедно отколку сами. Кога (рускиот) претседател (Владимир) Путин ја започна својата целосна инвазија на Украина пред речиси три години, тој сакаше помалку НАТО. Сега доби повеќе НАТО. Членството во НАТО е огромна одговорност за секој сојузник, без разлика дали е основач или најнова членка, како Шведска, рече Шекеринска.

Според неа, со членството во НАТО, Шведска добива заштита и солидарност од останатите 31 сојузник, кои ќе го бранат нејзиниот суверенитет и слобода.

– Кога Шведска влезе во НАТО, се приклучи на заедницата на вредности, демократија, слобода и владеење на правото. И гледам како Шведска ги зајакнува овие скапоцени принципи на НАТО, секој ден во неговото седиште, но и низ нашата Алијанса во овој свет на сложени закани што ги предизвикуваат нашите војски и нашите општества. Нашата безбедност зависи од тоа да останеме обединети и издржливи, порача Шекеринска.

Таа нагласи дека стратешката визија на НАТО под новото раководство може да изгледа застрашувачка задача и на вистина е, но сепак тој нов тим има јасно чувство за целите, насоката и итноста,

– Знаеме што мора да направи НАТО сега, но знаеме и што мора да направи НАТО во годините што следат. Безбедносната ситуација околу нас и на глобално ниво е мрачна. Светот е понестабилен и поопасен. Повторно има војна во Европа, а авторитарните сили се во залет. Како демократии, ние мора да останеме силни, мора да бидеме обединети и, веројатно ова е и најважното, мора да преземеме акција сега, рече Шекеринска.

Според неа, за да се справи со се потурбулентното безбедносно опкружување, Алијансата мора да ги зголемува трошоците за одбраната и одбранбеното производство.

– Русија е најзначајната и нај ждиректната закана за нашата безбедност. Нејзиниот напад во Украина продолжува, а кога војната ќе заврши не можеме да го вратиме часовникот на местото каде што бевме порано. Русија се подготвува за долгорочна конфронтација со нас. Отворено го кажуваат ова и така постапуваат, нагласи Шекеринска.

Таа потенцира дека вкупните воени трошоци на Русија ќе достигнат најмалку седум или осум отсто од рускиот БДП и таа заедно со Кина, Иран и Северна Кореја имаат за цел да го дестабилизираат глобалниот поредок, да ги ослабат Европа и Северна Америка и да ги поткопаат нашите слободи.

– Во тек е кампања на непријателски активности против различни НАТО сојузници. И претходно слушнавме расправи за тоа, вклучително и за кибер напади, саботажи и дезинформации, додаде Шекеринска, потсетувајќи на мерките што ги презеде Алијансата за зголемување на безбедноста на критичната инфраструктура и следење на потенцијалните закани и најави зајакнато воено присуство на Пактот во регионот на Балтичкото Море.

– Ние сме подготвени да ги браниме нашите граѓани и нашата територија денес, но не можеме да го гарантираме тоа за во иднина, доколку не преземеме акција сега. Генералниот секретар и јас се согласуваме дека сојузниците мора да се префрлат на размислување како во време на војна. Треба да ги зголемиме одбранбеното производство и трошоците за одбраната за да можеме да продолжиме да гарантираме дека нашите луѓе се безбедни, додаде Шекеринска.

Шекеринска нагласи дека Шведска иако е последната земја што се приклучи на Алијансата, таа има витална улога во заштитата на заедничка безбедност на НАТО, поздравувајќи ги при тоа плановите на Стокхолм за зголемување на трошоците за одбрана на 2,6 отсто од БДП до 2028 година, што според неа, е пример од кој можат да учат постарите членки на Пактот.

– Шведска продолжува да биде извонреден поддржувач на Украина, обезбедувајќи милијарди евра воена помош. Тенковите, оклопните возила, проектилите и артилеријата што ги дадовте и помагаат на Украина да се бори за својата слобода. Како сојуз, ние исто така мора и натаму да ја засилиме поддршката и да и помогнеме на Украина побрзо да ги преброди мрачните денови на оваа војна, така што кога ќе одлучат да започнат мировните разговори, тие да го сторат од позиција на сила, рече Шекеринска.

НАТО Шведска Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.