Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шелева поднесе оставка во жирито за наградата „Браќа Миладиновци“

0
By Нова ТВ on August 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Елизабета Шелева, литературна критичарка и теоретичарка и професорка по книжевност при Филолошкиот Факултет на УКИМ поднесе оставка од жири комисијата за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016 година, што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата, “поради тенденциозната одлука на мнозинството членови во комисијата, книгата „Црно на бело“ од Лидија Димковска да не биде вклучена во потесниот избор од пет дела”, се вели во писмената изјава на Шелева.

„Поетската збирка „Црно на бело“, со својата поетички доследна и концепциски радикална изведба, како и длабоките хумани вредности за кои пледира – е најсериозен фаворит за ова најпрестижно национално признание за поезија, а Лидија Димковска е реномирана и меѓународно потврдена авторка, која за своето творештво до сега има добиено пет важни и големи меѓународни признанија: германската награда за поезија „Хубер Бурда“, наградата на Европската унија за книжевност, романските награди за литература„Поесис“ и „Тудор Аргези“, како и европската награда за поезија „Петру Крду“- додека нејзините песни и прозни дела се преведени, застапени и објавени во врвни антологии и книжевни списанија, не само кај нас, туку и во светот.

Повеќе од 20 години наназад, Димковска со својата автентичност, оригиналност и бескомпромисност претставува репер за современата македонскаа литература, но и за меѓународната книжевна сцена, која несомнено го цени и вреднува името и делото на Лидија Димковска!

Со револт и индигнација се повлекувам од жири комисијата – одбивајќи да бидам соучесник во ваков етички и естетички преседан! Мојата долгогодишна дејност како книжевен критичар не ми дозволува да се огрешам или да отстапам од темелните вредносни и етички параметри / принципи, кои не запираат кај Табановце или Ѓуешево!
Врвните и ретки автори, каква што е и Лидија Димковска, не смеат да бидат „сирачиња – или посиноци – на татковината“ – без оглед на нивното актуелно место на живеење (адреса), а, уште помалку, на личните анимозитети и евентуалните идеолошки несогласувања со нив! Особено, кога станува збор за веќе осведочени и признаени граѓан(к)и на светот!“, вели Шелева.

 

Елизабета Шелева награда „Браќа Миладиновци“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.