Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шења: Пратеник на ДУИ фалсификувал потпис во Собрание за двајца колеги

0
By Нова ТВ on July 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 22, 2016 15:00

 

musa

Пратеникот од редовите на ДУИ Муса Ибраими за време на последната седница на Комисијата за финансирање и буџет одржана минатата недела, со потпис на списокот на пратеници потврдил присуство уште за двајца негови колеги кои не се појавиле на седницата, објави телевизија Шења.

Освен за него, пратеникот со различни пенкала на списокот на присутни пратеници ставил потпис и за неговите сопартијци Рамиз Мерко и Јамин Синани.

За сите пратеници кои живеат надвор од Скопје, Собранието ги плаќа патните трошоци, но за да добијат пари, пратениците прво треба да го потврдат присуството со потпишување на седница и фискални сметки од патарините.

Членовите на Собранието кои патуваат со автомобили со бензински горива, земаат надоместо од 18,3 денари по километар, или ако патуваат со возило со дизел гориво тогаш им следуваат  14,7 денари по километар.

Ако пратеникот Муса Ибрахим, патувал од општина Долнени Житоше за да учествува на седницата, според Google Maps, тој патувал околу 316 километри од живеалиштето до работа и назад. Ако ова се помножи со 14,7 денари по километар, тоа значи дека пратеникот за присуство на седницата ќе добие 4. 645 денари.

Јамин Синани, кој навел дека живее во гостиварското село Речан патува вкупно 149,4 километри, додека Рамиз Мерко кој патува од Струга за да присуствува на седницата добива надоместок за поминати 344 километри.

Додека течела седницата, пратениците Синан и Мерко воопшто не се појавиле иако колегата ги потпишал на списокот.

По објавување на прилогот на ТВ Шења, новинарот Мефаил Исмаили кој присуствувал на седницата добил навредливи СМС – пораки од пратеникот кој се потпишал во име на неговите колеги, кој меѓу другото навел дека е разочаран од прилогот на новинарот.

mefail
Мефаил Исмаил – новинар во ТВ Шења

-Ако го гледате видеото, пратеникот кој порано беше наш колега новинар, а исто така сме пријатели повеќе години, влезе, се потпиша и по некое време се врати пак да се потпише во име на своите колеги. Ние тоа како настан го снимавме и нормално го пренесовме бидејќи се гледа злоупотреба на должноста, бидејќи се знае дека со потписот и фискалните сметки се добиваат пари за патни трошоци. Откако го објавив прилогот, пратеникот со 2 СМС пораки ми упати навредливи збороvи, но тие не би ги коментирал, нека му служат на чест, вели новинарот Исмаили.

НОВА се обиде да стапи во контакт со тројцата пратеници од ДУИ, но се до објавување на овој текст единствено успеавме да го добиеме на мобилен пратеникот Рамиз Мерко, кој кога слушна зошто го бараме го прекина повикот и не одговори понатаму на нашите повици. Неуспешни беа обидите да го добиеме и портпаролот на ДУИ – Бујар Османи.

Од Здружението на новинарите велат дека недозволиво е пратеник да се дрзне да пишува навредливи пораки кон новинар, кој објавил информација поткрепена со видео и факти.

-Наместо овој пратеник да се извини за ваквото однесување, тој се дрзнува да пишува пораки за новинари затоа што тој професионално се однесува и застанува зад заштитата на јавниот интерес. Ние испративме писмо до претседателот на Собранието, координаторот на пратеничката група на ДУИ и на претседателот на ДУИ каде силно го осудивме ваквиот притисок врз новинарите. Потенциравме дека таквата практика претставува цензура што е забрането со нашиот Устав и побаравме да преземат се што е во нивна моќ да го санкционираат пратеникот Ибраими со цел во иднина вакви инциденти да не ни се случуваат, вели претседателот на ЗНМ – Насер Селмани.

 

ДУИ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.