Функционер на Српската радикална странка (СРС), денеска ги предаде потписите за поддршка на претседателската кандидатура на лидерот на оваа партија, Војислав Шешељ, на Републичката изборна комисија (РИК), објави „Мета“.
Кутијата со 14.000 потписи, била излепена со плакати со ликот на Шешељ и со натпис „Најдобриот за претседател“.
Шешељ е трет кандидат што ги предаде потписите, а пред него тоа го направија и актуелниот премиер, Александар Вучиќ, и народниот правобранител, Саша Јанковиќ.
Претседателските избори се распишани за 2 април, а ако во првиот круг никој не освои мнозинство, вториот круг ќе се одржи на 16 април.