Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Јавните површини во Скопје ќе бидат ослободени од 240 рекламни објекти

0
By Нова ТВ on May 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека е постигнат договор со компаниите што се занимаваат со закуп на рекламен простор за доброволно отстранување на вкупно 240 рекламни објекти од јавните површини во Скопје, и покрај тоа што во минатото склучиле договор со градот за што платиле и извесен надомест.
„Се работи за 120 билборди и 120 ситилајти кои биле легално поставени во најголем дел на тротоари, пешачки површини, велосипедски патеки и други јавни површини и на тој начин го ограничувале движењето на пешаците и на велосипедистите со што ја намалувале и безбедноста на целокупниот сообраќај. Со тоа првата зона од централното градско подрачје целосно ја ослободуваме од поставените рекламни објекти, а го намалуваме нивниот број и во останатите зони“, наведе Шилегов.
Градоначалникот на Град Скопје образложи дека на првата наредна седница на Советот ќе донесат одлука за ослободување на компаниите за закуп на рекламен простор од надоместокот што му го плаќаат на Град Скопје за период од три месеци, но и намалување на 20 отсто од месечната закупнина во понатамошниот период.
„Скопје за жал важеше за град со најгусто поставени рекламни објекти на јавни површини, од кои добар дел се наоѓале на локации каде што не е нормално да бидат (на велопатека или тротоар, на пример). На општо задоволство ваквите слики веќе нема да бидат дел од имиџот на нашиот град“, нагласи Шилегов.
Тој посочи дека, покрај легално поставените рекламни објекти, на повеќе локации во градот забележани се и нелегално поставени рекламни објекти што во претстојниот период, исто така, ќе бидат отстранети во соодветна процедура за постапување со нив.
билборди Град Скопје отстранување Петре Шилегов реклами Ситилајт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.