Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Распишан тендерот за БРТ, Скопје е првиот град во регионот со ваков систем на јавен превоз

0
By НОВА ТВ Balaban on October 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути. Автобуси ќе има на секои 3 до 4 минути, по примерот на метро превозот. Бидејќи БРТ функционира во посебна траса, независна и непречена од другиот сообраќај, превозот е исклучително точен и навремен како и самиот метро превоз.

Со гордост можам да кажам дека денес е објавен тендерот за реализација на Бас Рапид Tранзит системот. Со ова правиме крупен чекор напред кон изведба на современ, еколошки, брз и ефикасен јавен превоз. За само четири години, успеавме да го реализираме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот согласно условите кои ги овозможува денешното Скопје, со овие зборови градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ја започна денешната прес-конференција.

 

– Скопје е првиот град на Балканот кој ќе воведе БРТ систем, што не е само успех за градот туку и целата држава. Добиваме јавен транспорт по пример на светските метрополи кој е прогласен за најеколошки проект од страна ЕБРД. Ефикасноста и исплатливоста на оваа инвестиција за Скопје е потврдена од низа домашни и меѓународни експерти кои се вклучени од самиот почеток во реализација на идејата. На решението работеа најреномираните експерти од нашите универзитети во Скопје и Битола, Белград, Лондон и Брисел. Важно е да се нагласи дека во рамките на ЕБРД, овој проект е заведен како зелен проект, се финансира во рамките на мрежата на зелени градови, каде Скопје е член од 2019 година, нагласи Шилегов.

 

– Би сакал да ги претставам клучните предности и придобивки кои скопјани ќе ги имаат оваа инвестиција и што таа ќе значи за квалитетот на животот и животната средина. Проектот опфаќа воспоставување две линии со коридори кои се резервирани само за автобусите од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода. Трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден, додаде Шилегов.

 

– Со имплементација на првата фаза, се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се преполови. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути. Автобуси ќе има на секои 3 до 4 минути по примерот на метро превозот. Бидејќи БРТ функционира во посебна траса, независна и непречена од другиот сообраќај, превозот е исклучително точен и навремен како и самиот метро превоз. Патниците точно знаат во која минута пристигнува автобусот и во која минута од часот стигаат на посакуваната дестинација. Автобусите ќе бидат со хибриден погон на гас и електрична енергија и со должина од 18 метри, продолжува Шилегов.

 

– Скопје добива брз, безбеден и одржлив јавен транспорт кој ќе биде доволно атрактивен што ќе овозможи директно намалување на сообраќајниот метеж, а со тоа и индиректно ќе го намали и аерозагадувањето во делот на сообраќајот. Сите други автобуси и линии во Скопје ќе се поврзуваат со БРТ системот по примерот на светските метрополи. Патниците од подалечните места ќе имаат линија која ќе ги носи и спојува со БРТ за целосно поврзана и ефикасна мрежа за транспорт, изјави Шилегов.

 

– Се радувам што ова на некој начин е верификација на еколошките политики коишто ги креираме како градска администрација и што после неколку децении конечно ќе почне да се имплементира овој стратешки проект за градот. Остануваме и понатаму посветени не само на унапредување на одржливата урбана мобилност во градот која е своевидна гаранција и за урбаниот развој на градот и генералното унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани, порача Шилегов.

 

– Ова е разликата меѓу одговорно управување со градот, планско работење кое значи вистинска промена на квалитетот на јавниот транспорт. Ова е целосно спротивно на голиот популизам и нереалните проекти кој ни ги продаваат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ од другата страна. Вака се работи во интерес на скопјани, вака се прават темелни промени кои му се потребни на Скопје, вака се работи за младите да останат во овој град. Скопје за четири години од сега ќе биде сосема ново место за живеење, еколошки чисто, без метеж во сообраќајот со најголемата пешачка зона во светот, заклучи градоначалникот Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

 

 

автобуси БРТ систем Петре Шилегов Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.