Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Ве повикувам да ми се придружите да продолжиме заедно напред-изјави Скопскиот градоначалник на стартот од трката за втор мандат

0
By Mirjana on September 27, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 27, 2021 15:35

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во својата прва прес-конференција од изборната кампања изрази уверување дека постигната е целта поставена во 2017 ја доби довербата од граѓаните .

-Покажавме храброст за големи промени, и за само четири години, започнавме
проекти кои ги решаваат проблемите на скопјани за следните 50, нагласи Шилегов во оваа прилика.
– Од најзагаден град во светот, Скопје за 4 години драстично го намали загадувањето. За кратко време ги исчистивме сите депонии во рамки на ГУП-от и ги претворивме во паркови. Преку силна финансиска поддршка за граѓаните старите печки ги заменивме со клими инвертери. За само четири години се реновираа сите средни училишта а во секоја училница за учениците има прочистувач за воздух. Денес, Скопје секој денар го вложува во здрава иднина за нашите деца, додава Шилегов.
Обезбедена е поддршка за преку 15000 граѓани да купат и возат
велосипеди. Скопје е градот на Лајка, единствениот град во Европа со јавно
претпријатие за хуман третман на уличните животни.  Скопје се гордее со прекрасната Зоолошка градина по европски стандарди, со новите паркови и чистиот Кеј. Скопје станува град на спортот, со нови трим патеки, памп траки, вело патеки на Водно и адреналински парк.
Денес во Скопје имаме модерни автобуси со врвен квалитет, изградени четири нови булевари и целосно реконструирани 40 главни улици по најсовремени стандарди. Целосно ја реконструиравме инфраструктурата во Клинички Центар и го помогнавме нашето здравство. Денес во Скопје за прв пат после повеќе децении се градат два нови мостови истовремено, појаснува Шилегов.

– За мене луѓето секогаш се пред политиката. Тоа е моја политика, политика која слуша, политика која сочуствува, политика која е само средство за создавање услови за достоинствен живот за секој наш сограѓанин. Тоа е политика која гради, политика која обединува, политика која го води Скопје во друштвото на најразвиените градови во Европа. Мојата политика има јасна цел – модерна скопска инфраструктура, создавање услови за нови работни места, Скопје каде младите ќе создаваат семејства. Скопје каде што сите со задоволство ќе доаѓаат, зелено Скопје со насмеани, задоволни и среќни луѓе. Ова е поинаквата приказна за нашиот град, заклучи Шилегов.

На крајот од своето обраќање Шилегов побара поддршка од граѓаните нагласувајќи дека „на овие избори бираме дали сакаме оваа приказна да продолжи. Дали сакаме да го завршиме започнатото и следните четири години да ја видиме нашата заедничка визија целосно реализирана. Да го завршиме она што храбро го започнавме. Да го видиме Скопје со модерен јавен превоз и најголема пешачка зона во центарот на градот од сите европски градови. Да имаме целосно поврзана велосипедска инфраструктура и брз еколошки транспорт. Да продолжиме да живееме во хуман град
кој вложува во здравјето на граѓаните, зеленилото, парковите и се грижи за животните.
Да имаме град кој преку финансиска поддршка се грижи за сите свои граѓани и ги враќа парите онаму каде е најпотребно“.
– Ве повикувам да ми се придружите да продолжиме заедно напред! Покажавме дека можеме и умееме дури во услови на светска пандемија Скопје да оди во вистинскиот правец. Сега не смееме да застанеме. Верувам во вас и верувам дека ќе ја препознаете и поддржите нашата визија и ќе ми помогнете да ја оствариме заедно, нагласи Шилегов во својата прва прес-конференција од кампањата.

за втор мандат во Скопје почна кампања Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.