Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шкендија со отказ за Акраповиќ

0
By Нова ТВ on October 27, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 27, 2016 17:46

Шкендија му врачи отказ на Бруно Акраповиќ. Ваквата одлука на раководство на клубот доаѓа по двата пораза на домашен терен во фудбалскиот шампионат на Македонија. Тетовци во неделата загубија од Вардар со 0:2, а вчера и од Шкупи со 0:1 во поместената средба од третото коло што ја прели чашата кај управата на „црвено-црните“.

Според информациите од Тетово, веднаш бил свикан состанок на челниците на Шкендија и по детални анализи на двата натпревара бил заземен став за раскин на соработката со тренерот. „Нулите“ со Вардар и Шкупи се оценети како губење на сериозен замав во шампионатот што би можел да се одрази и врз позицијата на екипата на табелата. Како привремено решение на местото на Акраповиќ е назначен Јетон Беќири, досегашен асистент во стручниот штаб.

Шкендија под водство на Бруно Акраповиќ лани ја загуби трката за шампионската титула со Вардар. Клубот како утеха го освои Купот на Македонија, пехар што недостасуваше во витрините на тетовци, и имаше одлични настапи во квалификациите за Лигата на Европа во летниот период. „Црвено-црните“ стигна до плејофот, фаза во која беа елиминирани од белгиски Гент по елиминациите претходно на Краковија од Полска, на Нефчи од Азербејџан и на Млада Болеслав од Чешка.

Бруно Аркаповиќ отказ Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.