Фудбалерите на ПСЖ го доживеаја и вториот пораз, прв на домашен терен, во француската Лига 1 во оваа сезона. По Рен, три бода против „светците“ освои и екипата на Реим која славеше на „Паркот на принцевите“ со 2:0 во последниот меч од седмата рунда. Хасан Камара во 29. минута и Булае Диа во третата од судиското екстра време беа креатори на сензационалната победа во Париз.
Монпелје со 1:0 славеше пред своите гледачи во дуелот со Ним на Влатко Стојановски. Стрелец на единствениот гол на „Стад де ла Мосо“ беше Арно Соке во 31. минута. Македонскиот репрезентативец напаѓач остана без минутажа против десеттиот тим на табелата кој оваа сезона бележе променливи резултати во домашниот шампионат.
Лига 1, 7 коло
ПСЖ – Реим 0:2
Тулуз – Анже 0:2
Сент Етјен – Мец 0:1
Нант – Рен 1:0
Монпелје – Ним 1:0
Лил – Стразбур 2:0
Брест – Олимпик Лион 2:2
Амиен – Бордо 1:3
Монако – Ниоца 3:1
Дижон – Олимпик Марсеј 0:0
Табела: ПСж 15, Анже 15, Лил 13, Нант 13, Бордо 12, Олимпик Марсеј 12, Ница 12, Реим 11, Рен 11, Монпелје 11, Олимпик Лион 9, Ним 8, Брест 8, Тулуз 8, Амиен 7, Мец 7, Стразбур 6, Монако 6, Сент Етјен 5, Дижон 2.