Шпанската полиција разби криминална група која внела кокаин во земјата преку пристаништето Алхесирас, соопшти денеска полициските власти во земјата. Криминалната група дејствувала во Кадиз и Севилја.
Уапсени се 32 лица и запленети 4,8 тони кокаин како и шест милиони евра во готовина. Конфискувани се 87 имоти чија вредност се проценува на 16 милиони евра. Истрагата за случајот започна во 2017 година.