Тимот на Велоконцепт кој важи за еден од најсилните во велосипедскиот спорт во Данска беше принуден да се повлече од учество на престижна трка. Причината е бизарна. Откажување на настапот следуваше по кражбата на 12. велосипеди и целокупната опрема јави данската ТВ станица „ДР“.

Велосипедите од марката „Сервело Ц5“ имаат вкупна вредност од 130.000 евра и беа украдени од комбе на паркинг во хотелот во кој беше отседната екипата. Трката во Скиве остана без шесте нејзини претставници кои ден претходно имаа одличен настап во Виборг со освоено прво и трето место.