Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што детонираше Ким Јонг Ун

1
By Нова ТВ on September 3, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Термонуклеарната или хидрогенска бомба каква што денеска тестираше Северна Кореја, развоена е по употребата на нуклеарната бомба во Јапонија во втората светска војна и е многу поразорна од неа.

Првата хидрогенска бомба која Американците ја тестираа во 1952 година произведе енергија која одговара на 10 мегатони ТНТ, околу 1.000 пати повеќе од атомската бомба фрлена врз Хирошима.

Во овој нов вид бомба, два изотопи на водород, деутериум и трициум, во процесот на фузија се спојуваат и формираат хелиум, со што се ослободува голема количина на енергија.

Во конвенционалното нуклеарно вооружување се користи фисија, или раздвојување, а не спојување на јадрата на атомите, што резултира со силна експлозија.

Со хидрогенската бомба започна трката во нуклеарно вооружување

Една година по Американците и Советите ја испробаа својата хидрогенска бомба, со што започна натпреварот во вооружување со „супербомби“.

Најсилната Х- бомба која е досега детонирана е советската тнр. „цар бомба“ која во 1961 година ослободила енергија од 50 мегатони.

Според експерите, Северна Кореја изминатата ноќ детонирала Х- бомба 10 пати посилна од нуклеарната бомба фрлена на Нагасаки.

Експертот за безбедност Мелиса Ханам напиша дека нема начин да се открие дали тоа што на фотографиите го гледа севернокорјскиот лидер Ким Јонг ун е вистинската бомба која е детонирана во тунелот.

-Можно е да е само модел, но пораката што ја испраќа Северна Кореја е јасна. Сакаат да покажат дека многу добро знаат што е нукеларно оружје, вели Ханам.

Целиот свет застана во осуда на потегот на Пјонгјанг

По последниот тест на Пјонгјанг Јужна Кореја одржува состанок на Националниот совет за безбедност со кој претседава Мун Јае-Ин.

Директорот за Национална безбедност Чунг Еуи-јонг рече дека Сеул ќе ја бара секоја дозволена мерка, вклучувајќи и санкции од ОН за понатамошно изолирање на Пјонгјанг. Јапонскиот премиер Шинзо Абе го нарече тестирањето апсолутно неприфатливо.

Американскиот советник за безбедност Х.Р. Мекмастер имаше телефонски разговор со неговиот јапонски колега Шотару Таниучи.

Мекмастер го уверил дека Вашингтон е силно посветен на одбраната на Јапонија, вклучувајќи и од нуклеарното застрашување, се наведува во соопштението од јапонскиот советник за безбедност.

Кинеското министерството за надворешни работи побара од Северна Кореја да престане со својата “грешна” акција и побара од земјата да ги почитува резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Кинеската Агенција за нуклеарна безбедност објави дека започнала вонредна контрола на нивото на радијација долж севернокорејската граница, објави Ројтерс. Претходно, руските официјални лица изјавија дека нивото на радијација на далечниот исток на Руската Федерација е на нормално ниво.

Русија наведе дека нуклеарното тестирање заслужува “најсилна осуда” и побара сите вклучени страни веднаш да се вратат на дијалогот.

Францускиот претседател Емануел Макрон побара многу силен одговор од меѓународната заедница за како што ја нарече последната провокација од Северна Кореја.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија рече дека последниот потег на Пјонгјанг е екстремно разочарувачки и целосно спротивен од повторените барања на меѓународната заедница.

реакции Северна Кореја хидрогенска бомба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.