Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што нотираа историчарите во македонските и во бугарските учебници

0
By Нова ТВ on November 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 29, 2018 08:22

Бугарско-македонската комисија за историски и образовани прашања формирана согласно Договорот за доброседство, денеска и утре во Софија треба да го одржи третиот состанок.

Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја и шеф на македонскиот тим во заедничката комисија за историски и образовани прашања потврди дека по двата одржани состанока е утврдена методологијата и принципите на работа, а разменети се и забелешките на двете страни во однос на бугарските учебници од 5. 6. клас и за македонските од 6. и 7. одделение.

– Започнавме со анализа на учебниците и тука веќе имавме сериозни дискусии на високо академско ниво. Беа определени главните забелешки кои ги имаме ние во бугарските учебници, и бугарската страна во нашите учебници. И тие забелешки, на 12 ноември, беа разменети. Сега овие забелешки се во фаза на обработка, да видиме што и пречи во нашите учебници на бугарската страна, а што нам во бугарските учебници. На следната средба во Софија овие забелешки уште еднаш ќе бидат дискутирании и ќе се направат обиди за нивно надминување, се разбира со аргументи. Евентуалните заеднички прифатливи решенија потоа како препорака ќе бидат доставени до владите на двете држави кои понатаму би ги процесирале во понатамошна фаза за нивно вклучување во наставните програми, вели Ѓоргиев во интервју за МИА.

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева претходно изјави дека забелешките на бугарската страна се доставени на 30 страници и дека иако бугарските претставници во комисијата констатирале сериозни забелешки, атмосферата во  комисијата била конструктивна.

Во врска со тоа за какви забелешки се работи, Ѓоргиев посочува дека бугарската страна забележува дека генерално тонот во македонските учебници е непријателски настроен кон Бугарија, а се наведува и забелешката за Самуиловото царство, кое, вели, во нивната историографија е претставувано како бугарско, а кај нас или како Самуилово или како македонско царство.

Една од главните забелешки на македонската страна, пак, генерално е дека територијата на денешна Република Македонија се третира како неослободена бугарска територија, и тоа од средниот век па до 20. век. Има и други забелешки, додава Ѓоргиев, кои се поконкретни и кои се поткрепени со примери од учебниците, меѓутоа тие ќе бидат тема на разговор, и доколку за нив се дојде до решение, тоа ќе биде образложено и презентирано пред јавноста.

– Ние хронолошки ги анализираме само учебниците по историја, а не расправаме за академската историографија. Целта на овие комисии е да ги подобрат содржините, наставните програми по предметот историја и во Македонија и во Бугарија со цел идните генерации кои ќе учат историја да немаат чувство на непријателство кон својот прв сосед, вели Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја и шеф на македонскиот тим во Бугарско-македонската комисија за историски и образовани прашања.

Според договорот, состаноците на бугарско-македонската комисија треба да се одржуваат на ротациски принцип, еднаш во Бугарија, еднаш во Македонија, а предвидена е и обврска секоја година комисијата до владите на двете земји да доставува извештај за сработеното.

Историја комисии македонско бугарски експерти Состанок учебници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

ВЕСТИ June 24, 2026

Сенатот на САД вчера изгласа резолуција, со која се бара од претседателот Доналд Трамп да…

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.