Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што пишува во извештајот на меѓународните набљудувачи за медиумското известување за изборите?

0
By Marija Todorovska on April 26, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 26, 2024 14:12

Ден по првиот круг од Претседателските избори во земјава на 24 април 2024,  набљудувачката мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го објави својот прелиминарен извештај, во кој изборниот процес го оцени како мирен, демократски и конкурентен, но со одредени законски празнини особено во финансирањето на кампањите.  Извештајот посочи и неколку конкретни оценки и препораки за медиумите.

Финалната оценка од мониторингот на медиумите е дека во кампањата се известувало генерално избалансирано и со неутрален тон, но се посочуваат и некои медиуми кои биле пристрасни кон одредени кандидати и политички опции.

„Јавниот радиодифузен сервис МРТ ги опфати сите претседателски кандидати во согласност со законските одредби со кои се воспоставува рамка за доделување време на политичките партии за време на избори. Кандидатите поддржани од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ доминираа кај приватните радиодифузери (19 проценти од покривањето), и двајцата во голема мера со неутрален тон. Телма обезбеди побалансирано покривање од другите набљудувани радиодифузери, посветувајќи еднакво време на сите седум претседателски кандидати. Алсат-М одвои подеднакво време (16-19 проценти) на кандидатите поддржани од четирите најголеми политички партии, додека Сител првенствено се фокусираше на кандидатите поддржани од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, посветувајќи по 20 проценти од содржините поврзани со изборите на секој од нив, главно со неутрален тон. Канал 5 го насочи своето известување во ударните термини на трката меѓу кандидатите поддржани од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, при што и двајцата добија по 22 проценти од покриеноста. Телевизијата Алфа со негативен тон го прикажа кандидатот поддржан од СДСМ во околу 51 процент од известувањата. Од онлајн порталите за вести, Kurir.mk посвети 71 процент од своето покривање на кандидатот поддржан од ВМРОДПМНЕ, а Tetovasot.com посвети речиси 50 проценти на кандидатот на ДУИ, главно со позитивен тон.“ се посочува во извештајот.

Генерално, медиумите се оценети како слободни, избалансирани и неутрални, но со нарушен квалитет. „Медиумскиот пејзаж е разновиден, со 40 телевизиски и 58 радио станици, 22 печатени медиуми и преку 200 онлајн портали. Иако телевизијата е главниот извор на информации, онлајн порталите сè позначајно влијаат на медиумското опкружување, особено за време на избори. Додека опкружувањето генерално е погодно за слободата на медиумите, на квалитетот на новинарството негативно влијаат политичката фрагментација и етничките поделби, интензивната конкуренција меѓу бројните медиуми на ограничен пазар и неповолните услови за работа на новинарите“, се укажува во извештајот на ОДИХР и ПССЕ.

Во извештајот се посочува и дека со измените на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета од ноември 2022 година, како и со измените на Кривичниот законик од февруари 2023 година, се воведоа дополнителни заштитни мерки за новинарите. „Сепак, онлајн нападите, вклучувајќи ги и оние врз жените, како и изолираните инциденти на физички напади врз новинари остануваат причина за загриженост“, се вели во извештајот.

Понатаму, во извештајот се оценуваат и законските реформи, конкретно последните усвоени измени на Законот за медиуми и на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои се воведоа јавни субвенции за печатени медиуми и се укина забраната за државно рекламирање на кампањи од јавен интерес, како и потребата од понатамошни реформи во медиумскиот сектор.

„Иако наведената цел беше да се придонесе кон одржливоста на секторот, оваа промена беше критикувана од повеќето соговорници на МНМИ, бидејќи веројатно ќе резултира со политичко влијание врз медиумите. Многу соговорници ја истакнаа потребата од понатамошни реформи во медиумскиот сектор за цели на подобрување на одржливоста на медиумите, регулирање на онлајн медиумите и понатамошно усогласување на правната рамка со правото на ЕУ во однос на зајакнувањето на независноста и капацитетот на регулаторот на медиумите и јавниот радиодифузен сервис“, се објаснува во извештајот.

Дополнително, ОДИХР и ПССЕ ги поздравуваат законските измени од март 2024 насочени кон подобрување на пристапноста до вестите за изборите за лицата со попреченост, со кои се забележал позитивен тренд кај „повеќето национални јавни и приватни радиодифузери“ кои надополнувале „делови од нивните содржини во ударен термин со титлови или со знаковен јазик“.

Врз база на Изборниот законик, очекувањето од медиумите е да обезбедат правично и избалансирано покривање на изборите, со што јавниот радиодифузен сервис е обврзан на бесплатна политичка промоција, додека другите приватни медиуми можат да нудат платено политичко рекламирање. Во овој контекст, извештајот нотира дека, сепак, различни одредби во законот се однесуваат само на покривањето на политичките партии, а не и на претседателските кандидати, а со нивната примена на претседателските избори се фаворизираа кандидатите коишто се поддржани од најголемите политички партии.

„Законските одредби коишто дозволуваат финансирање за платено политичко рекламирање во медиумите директно од државниот буџет беа критикувани од голем број соговорници на МНМИ поради тоа што ја зголемуваат зависноста на медиумите од државните средства. Покрај тоа, повеќето соговорници на МНМИ тврдеа дека значителен број портали за вести коишто се регистрирани за рекламирање во рамките на кампањата, биле создадени со единствена цел да добиваат државни средства за време на изборните кампањи и, во некои случаи, да ги канализираат овие средства кон политичките партии“ , се посочува во извештајот на меѓународните набљудувачи.

Во однос на јавниот сервис МРТ, се заклучува дека и покрај препораките на ОДИХР, тој продолжува да биде строго регулиран, со што негативно се влијае на уредувачката политика и се оневозможува правичен пристап со вести за претседателските кандидати од помалите партии. Освен тоа се укажува дека и покрај законските измени од јули 2023 година кои имаа за цел да го подобрат неговото финансирање, тој сè уште останува првенствено финансиран од државниот буџет. „Додека неговото ново раководство требаше да биде избрано во 2019 година, поради недостиг на договор во Собранието за именување на новите членови на Програмскиот совет, радиодифузерот работи под раководство со истечен мандат“, се вели во извештајот.

Извештајот ја споменува и работата на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (ААВМУ) и ги поздравува нивните јавни периодични мониторинг извештаи, усвоените насоки за изборите за распределба на времето за емитување меѓу кандидатите, регулативата за молк на кампањата, доброволниот кодекс на однесување во онлајн сферата и реакцијата за учество на малолетници во политичкото рекламирање на СДСМ и ДУИ. За проблемот со нерегулираните онлајн медиуми, се поздравува формирањето на координативно тело од ААВМУ и ГО, но се забележува дека истото нема овластувања за спроведување.

М.С / СМК.мк

избори Извештај набљудувачи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.