Лидерот на демократите во Сенатот на САД, Чак Шумер, зборувајќи за ситуацијата со апсењето на Николас Мадуро, рече дека тој е „тиранин и никој не жали што му се случи“, но дека администрацијата на Доналд Трамп нема план што следува во Венецуела а најавите дека САД ќе управуваат со Венецуела според Шумер е „рецепт за хаос“.
На седницата на Сенатот, Шумер рече дека клучното прашање е што следува сега за Венецуела.
Но, клучното прашање сега е што следи за Венецуела и, што е поважно, за Соединетите Американски Држави. Се чини дека никој навистина не знае. Наративот на администрацијата се менува од час во час. Нема план, нема јасност – само хаос, додаде тој.
Шумер предупреди дека „опасноста во Венецуела штотуку започнува“ и дека Трамп ја „отвори Пандорината кутија“, што би можело брзо да излезе од контрола.
Тој додаде дека последиците би биле уште полоши ако Трамп се обиде да го направи направи истото нешто од Венецуела – во Колумбија или на Гренланд.
Според Шумер „лудилото“ како што рече, на Трамп, треба да запре со активирање на Законот за воени овластувања, најавувајќи дека ќе се придружи на иницијативата за гласање за резолуција оваа недела што ќе ги ограничи овластувањата на претседателот.




