Угостителските објекти во Швајцарија од понеделник ќе продолжат со работа, но гостите ќе мора да оставаат лични податоци за резервација на маса во објектите или за спонтана посета. Во рамки на неопходните заштитни мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, властите во земјата се решија за наједностаниот начин – угостителите ќе мора да земат лични податоци, име и презиме и телефонски број и ќе мора да ги чуваат две недели.
Личните информации собрани од угостителите треба да ја олеснат работата на здравствените власти во откривање на контакти во случај на инфекција на еден од гостите.
На една маса во угостителските објекти во Швајцарија ќе биде дозволено да седат најмногу четири лица. Сите гости ќе мора да седат, а меѓу масите ќе има растојание од два метра.