Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сиљановска Давкова за извештајот на ЕК: Во извештаите техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма

0
By Zoran Ivanov on November 11, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 11, 2025 14:37

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека во извештаите на Европската комисија, државата која се евалуира може технички да напредува, но политички да е блокирана или техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма.

Сиљановска Давкова за време на работната посета на Општина Ресен, одговорајќи на новинарско прашање да даде коментар за последниот извештај за напредокот на земјава, кој Европската комисија го објави минатата недела, нагласи дека извештаите повеќе треба да бидат техничка слика, бидејќи тие дијагностицираат, класифицираат и евалуираат.

Зборувам не само како претседателка, туку и како човек кој во животот видел многу извештаи, пратеничка која дискутирала за секој извештај и заклучокот е извештаите треба да бидат повеќе техничка слика, техничка претстава, бидејќи тие дијагностицираат, понатаму класифицираат и евалуираат. Но јас секогаш велам, секој извештај не говори само за евалуираниот, туку и за креаторот, односно за евалуаторот. Во извештаите што се однесувале на нас и на нашиот годишен напредок има или доминира техничката димензија, но многу често и овојпат е присутна и политичката димензија. Или едноставно кажано заклучокот би бил дека технички може и да напредувате, ама политички може да сте блокирани. Или техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма, рече претседателката.

Нагласи оти вториот момент, односно презентирањето низ политичка призма е проблематичен и додаде дека можеби во иднина во надлежните органи треба да се дискутираат некои од овие прашања.

– Можеби во иднина при креирањето на извештаите во духот на преговарање, оти преговори не се јас да ви доставам еден извештај, и вие само да го коментирате, во рамките на телата, како што се Парламентот или Националниот совет за евроинтеграции или Комисијата за евроинтеграции, треба да се дискутира за некои од овие прашања или можеби конечната верзија треба да е плод и на дијалогот што ќе се одвива и на забелешките на оној којшто забележува. Во оваа насока, еве јас имам намера, мислам дека е на 17, бидејќи претседателот има право на член во Советот за евроинтеграции, номинирав таму моја колешка, врвна познавачка на оваа проблематика. Мислам дека е добро и самата да се појавам таму, за да ја изразам посветеноста на реинтеграцијата или на евроинтеграциското чекорење, но исто така и да презентирам некои мои забелешки, порача претседателката.

Европската комисија во извештајот за напредокот за земјава за 2025 година и во својата Стратегија за проширување минатата недела констатираше дека македонските властите продолжиле да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, но напомена дека е важно земјата да напредува и да ги финализира сите подготвителни работи поврзани со критериумите за отворање на Кластерот „Основи вредности“, особено во делот на владеење на правото, заштита на судската независност и интегритет и зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

– Советот и ги изложи на Северна Македонија условите за отворање на пристапните преговори по Првиот кластер (Основни вредности), откако ќе бидат усвоени уставните амандмани. Како одговор, во декември 2023 година, властите на Северна Македонија ги усвоија патоказите за владеењето на правото и реформата на јавната администрација, се вели меѓудругото во Извештајот.

 

ЕК Извештај Сиљановска Давкова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.