Правно прашање е екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од Унгарија, одговори денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

– Ова не е политичко, туку правно прашање. Тоа е работа за судскиот систем и во Унгарија политичарите во врска со тоа не може да поставуваат прашање,  изјави Сијарто на прес-конференцијата со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, запрашан за тоа дали Унгарија има намера да го испорача Груевски.

По пресудата во предметот „Тенк“, со која доби двегодишна затворска казна, во 2018 година Груевски избега во Будимпешта и таму доби политички азил.