Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Силникот и насилникот

0
By Marija Todorovska on February 21, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 21, 2024 12:45

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Преземено: Фронтлајн

Ја видовте снимката како член од обезбедување на лидер на политичка партија напаѓа полицаец на работно место за време на полициска акција? На прва изгледа како обична мафијашка реакција на насилник врз полицаец. Нема крв, но многу е страшна и грозна политичката конотација, чиј е тепачот(?), манифестацијата на сила врз полицаец од позиција на партиска моќ. Тоа е нешто што мислевме дека сме го оставиле зад нас. Ама, јеби га, тука се луѓето на Мицкоски да нè потсетат дека времето на вмровскиот режим нè демне и не е заминато.

Им требаше нецел месец владение со МВР, за да се исилат и се обидат да го вратат МВРО.

Некако сите имаме перцепција за Мицкоски како за крут, професор без харизма, партиски лидер насаден без негова вина, кој губи избори, а и кога ги добива не знае како да ги валоризира. Гледаме фотки како се шета по планини, оди низ народ на партиски дешавки… сакаат, или барем се обидуваат да му направат слика како на човек од народот, еден од нас, но со предиспозиции да нè води. Се обидоа да му наденат и прекар „даскалот“. Ја знаете онаа смешна асоцијација што ја помислил вмровскиот ПР, во обид да го идентификуваме Мицкоски со Гоце Делчев.  Хахаха…. Или оние предизборни спотови каде се обидуваше да прикаже непосредност во разговор со млади и со повозрасни…

И сето тоа ајде некако да го замижеме, да го одземеме на погрешна стратегија и ПР, но она лице што во неколку наврати ни го покажа Мицкоски, е всушност тоа што мене најмногу ме плаши. Впечатокот ми е дека се работи за човек без емпатија.

Манифестирањето на самоволие, непочитување на закони и сега еве – примена на сила (тупаници во глава на полицаец пред повеќе сведоци од обезбедувањето на Мицкоски) не се само инцидент. Се сеќаваме како за време на ковид кризата за сите важеа правилата, само за Мицкоски и неговото обезбедување, не. Да, и на тие снимки лицето што го придружуваше Мицкоски е истиот овој тепач на полициски службеник на должност. Си се шеташе тој во кафани и теретани со тепачот, додека сите скапувавме по дома. И тоа онака, шверцерски, од задниот влез, да не го видат. Како Грујо што демнеше навечер парцели и менуваше ДУП-ови со телефонски повик скриен во кола.

Тоа се истите методи, ист карактер, иста школа, драги мои.

Некој би рекол дека изборот на луѓе што го прави е несреќен, но сè повеќе станува очигледно дека не е до погрешната проценка на луѓето што ги збира околу себе Мицкоски, туку дека проблемот е во Мицкоски и неговиот деспотски карактер. Човекот едноставно сака да покаже моќ, но начинот на кој избира тоа да го покаже е лузерски.

Таа распашана команда што ја манифестира Мицкоски и свитата околу него, таа ароганција и самобендисаност е само најава за тоа со какви методи би практицирал Мицкоски власт, ако му се даде шанса да се добере до неа.

Тој нон-стоп нè потсетува, ние упорно не веруваме дека може да ни се повтори Грујо.

Текстот е личен став на Авторот.

ВМРО-ДПМНЕ обезбедување Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.