Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Симоски и Даштевски кај Филипче за протоколите за ковид-19 за пописот и за локалните избори

0
By НОВА ТВ Balaban on August 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 16, 2021 16:18

Имаме околу 30.000 луѓе во општинските избирачки одбори, а новите членови  мора добро да се обучат за спроведување на изборите. Беше предложено да направиме список кои членови се вакцинирани, за да може да се обучуваат и по 800 лица дневно, на секој час да се менува друга група на обука. А невакцинираните да бидат во многу помали групи – најмногу до 29 лица – вели Даштевски.

Првите луѓе на Државниот завод за статистика и на Државната изборна комисија, Апостол Симоски и Александар Даштевски, денеска се сретнаа со министерот за здравство, Венко Филипче, и со членовите на Комисијата за заразни болести при што разговарале за протоколите за одржување на Пописот 2021 и за Локалните избори планирани за 17 октомври.

Здравствениот протокол за одржување на најавениот Попис 2021 на населението, планиран да се спроведе од 5 до 30 септември, ќе биде на дневен ред на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести. А на состанокот ќе се дискутира и за претстојните локални избори. Во прв план е обуката на членовите на новите избирачки тела, па на денешниот состанок паднал предлог лицата кои се вакцинирани да можат заедно да се обучуваат и тоа на ден да има најмногу до 800, а невакцинираните да се обучуваат во помали групи – најмногу до 29 лица.

– Наше барање е и овој протокол да биде ригорозен, за сите учесници во пописот да бидат максимално заштитени, а поригорозен протокол од  претходниот мислам дека нема – тогаш кога беше изготвен дневно имавме и по 1500 – 2.000 случаи на ковид-19. На утрешниот состанок Комисијата за заразни болести ќе го разгледува протоколот за пописот, а денеска заедно го прелиставме претходниот протокол, и би сакале тој да биде предложен – вели за НОВА ТВ Апостол Симоски, директор на Државниот завод за статистика.

Една третина се вакцинирани, друга третина имаат желба, останатите не сакаат! 

Во врска со тоа колку вакцинирани потенцијални попишувачи и инструктори се јавиле на огласот, кој уште ќе трае, Симоски појаснува:

– Не смееме да бараме потврда за вакцинација, согласно законот, но имаме  информација кој од пријавените кандидати е вакциниран, а секако и ќе организираме вакцинација на попишувачите, и тоа го разговаравме на денешниот состанок. Се чуваат вакцини во резерва за сите кои ќе пројават интерес, а со оглед на ситуацијата со ширењето на вирусот, очекуваме да има повеќе заинтересирани за вакцина. Инаку, од досега пријавените лица за попишувачи една третина се вакцинирани, друга третина имаат желба, а останатите засега не сакаат да се имунизираат. Но верувам дека со менување на епидемиолошката состојба оваа ситуација ќе се смени и дека ќе има поголем одзив и од овие кандидати да се заштитат – вели Симоски.

Тој најави уште еднаш пролонгирање на огласот за пријава на кандидатите за попишувачи, чиј рок истекува утре.   

– До утре беше рокот за попишувачи и инструктори ама решивме да го пролонгираме . Се пријавуваат повеќе кандидати откако  излеговме во јавност, тао е добро бидејќи ќе можеме и подобра селекција потоа да направиме,  додава директорот на Државниот завод за статистика, по денешната средба со министерот Филипче и со членовите на Комисијата за заразни болести.

Вакцинираните ќе се обучуваат во поголеми, а другите во групи до 29 

Александар Даштевски, претседател на ДИК, вели дека со министерот Филипче денеска разговарале за тоа како, во услови на пандемија, најбрзо што може да се спроведе обуката на членовите на новите избирачки тела и каков ќе биде протоколот за претстојните Локални избори закажани на 17 октомври.

– Имаме околу 30.000 луѓе во општинските избирачки одбори, а новите членови на општинските изборни комисии и одбори мора добро да се обучат за спроведување на изборите. Беше предложено да направиме список кои членови се вакцинирани, за да може да се обучуваат и по 800 лица дневно, на секој час да се менува друга група на обука. А невакцинираните да бидат во многу помали групи – најмногу до 29 лица. Еве за една недела почнува обуката, па тоа ни беше приоритетно да се договориме, за да може да стасаме – вели Даштевски.

Тој на средбата со министерот Филипче го истакнал и второто барање.

– Важно е од Министерството за здравство да ни обезбедат за денот на изборите доволно заштитни маски и алкохол за дезинфекција, како и на претходните избори. Побаравме да ни бидат доставени нешто повеќе од 30.000 маски, како заштитна опрема за членовите на избирачките комисии, а останува на сите коишто сакаат, а се уште не се, да се вакцинираат зашто можеби ќе бидат изложени на вирусот. А за тоа дали изборите ќе се спроведат, зависно од состојбата, секако решава Владата.

Љубица Балабан

Александар Даштевски Апостол Симоски Венко Филипче Државната изборна комсија Државниот завод за статистика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.