Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикат на Филхармонија: Министерството за култура и туризам не постапува доследно при изборот на директор

0
By Marija Todorovska on March 5, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 5, 2025 11:12

Синдикат на Филхармонија: Со последното соопштение на Министерството за култура и туризам, одговорните од оваа државна институција се обидоа да го оправдаат незаконското постапување при изборот на директор на Македонска филхармонија и со тоа да ги  отфрлат обвинувањата на синдикатот на Македонската филхармонија како неосновани и паушални. Во соопштенитето, Министерството за култура се повикува на Законот за општа управна постапка (ЗОУП) велејќи дека „Комисијата за селекција на кандидати за избор на директор до учесниците во конкурсот достави барање за дополнително појаснување во однос на доставената документација, што било пракса и во минатите постапки за избор на директор на Филхармонија“, но не кажа конкретно по кој член постапува и за кои минати постапки.

Согласно член 39 став (3) од ЗОУП „ако поднесокот е нецелосен или нејасен, јавниот орган ќе се обрати до подносителот и ќе определи рок од 15 дена за дополнително појаснување. Ако подносителот ги отстрани недостатоците во определениот рок, ќе се смета дека поднесокот бил од почеток доволно јасен. Ако подносителот не одговори во определениот рок, барањето ќе биде отфрлено со управен акт во рок од дополнителни седум дена, против кој е дозволена жалба.“

Во самиот член никаде не се наведува дека е дозволено доставување на дополнителен документ, односно документ кој е наведен како задолжителен во конкурсот, а не бил доставен во определениот рок. Имено, во објавениот конкурс за избор на директор е наведено дека некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. Оттука, Министерството за култура како да не прави разлика меѓу поимите „дополнување на некомплетна документација“ и „појаснување на пријавата“.

Доколку Министерството смета дека ваквото постапување е во согласност со одредбите на ЗОУП, реченицата „Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат“, ги доведува во колизија и во ситуација на контрадикторност самиот конкурс и одредбите на ЗОУП. Со ова повторно се доведува во прашање легитимноста на конкурсот, односно законското постапување во рамките на истиот.

По изјавата на Министерот Љутков дека повеќе од половина од назначените директори на национални установи се назначени законски, по пат на оглас објавен од Министерството за култура, не можеме да не го поставиме прашањето: Дали и во другите конкурси била содржана реченицата „Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат“, а доколку била, по кој член и кој закон биле побарани документи кои недостасувале во пријавата?

Во прилог е огласот објавен  во дневните весници за избор на директор во Македонска филхармонија.

директор Синдикат Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.