Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот на АРМ: Руини од минатиот век и лебарки по лебот

0
By Zoran Ivanov on March 17, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 17, 2026 09:29

Независниот синдикат на професионални војници тврди дека додека се промовираат реновирани објекти во касарната Јане Сандански во Штип, професионалните војници во најголем дел престојуваат во руинирани објекти кои, според синдикатот, потекнуваат уште од времето на поранешната ЈНА и со децении не се обновени.

Од синдикатот велат дека министерот си нарачува ПР кампања по касарните за да се прикаже дека се работи на модернизација на инфраструктурата, додека реалната состојба, според нив, е сосема поинаква. Посочуваат дека објектите во кои живеат и работат професионалните војници се во катастрофална состојба и дека 35 години во нив не е направена никаква обнова.

Погледнете ги објектите кои се изградени од поранешната ЈНА и од тогаш не се реновирани,а во нив престојуваат 90 % професионални војници, и не е ставена ни една шајка во овие објекти во овие 35 години. Погледнете ја хигиената и условите за исхрана во најголемата кујна во најголемата касарна во Македонија , каде што лебарките се шетаат по лебот кој се дели на војниците, вели претседателот на Независниот синдикат на професионални војници, Александар Насковски.

Според синдикатот, ваквата кампања следува по критиките што ги упатиле за состојбата во Армијата, вклучително и, како што наведуваат, катастрофалната хигиена, појавата на шуга во касарната во Велес, како и објавите за стари и нечисти кебиња и перници. Од синдикатот потенцираат дека, и покрај најголемиот буџет досега за Армијата, министерот се фали со „т.н. модерна инфраструктура“, односно со обнова на само неколку објекти во касарната „Јане Сандански“, додека, како што велат, во земјава има уште 10 касарни и стотици објекти кои треба итно да се реновираат.

 

АРМ лебарки руини Синдикат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.