НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот на дипломатите се оградува од постапките на Иванов

0
By Нова ТВ on March 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС) преку соопштение денеска се огради од постапките на Претседателот Иванов кон меѓународната заедница, а кои постапки, како што се истакнува, „можат да се третираат на надворешен план како непочитување на дипломатските узуси, додека всушност се работи за градење алиби за постапките на внатрешен план“.

– СМДС, во рамките на своите можности, направи напор да провери дали Претседателот Иванов или неговиот Кабинет имале какви било консултации со професионалниот сегмент на Министерството за надворешни работи и дојде до поразувачко сознание, точно или не, дека дури и немало ниту обид во таа насока. Ова се однесува како по прашањето да ја прогласи заедничката платформа на македонските политички партии од албанскиот блок како наметнат од странство (читај: Албанија) политички документ, така и во однос на писмото упатено до неколку од најзначајните фактори во меѓународната заедница, се вели во соопштението.

СМДС информираат дека направиле увид во два клучни јавно објавени документи, „Платформа“ и владиниот документ од 2015 година насловен како: „Преглед на Охридскиот рамковен договор за социјалната кохезија“ (објавен на сајтот на Секретаријатот за спроведување на ОРД).

Според СМДС „Платформата“ (објавена од повеќе македонски медиуми),„ иако партиски документ, е искористена во меѓународното писмо на Претседателот Иванов каде, врз основа на противуставен став на Претседателот се обраќа до дел од меѓународната заедница, а што има и ќе има исклучиво тешки последици на меѓународен план“.

– На ниво на елементарна споредба е да се констатира дека овие два документи, освен во еден сегмент, се практично идентични или кореспондираат до највисока можна мера, вклучувајќи го и прашањето за националните симболи (знаме, химна, државен грб).

Следствено, се наметнува дилемата дали обвинетата странска држава успеала уште во 2015 година да и’ подметне на Владата на Република Македонија да разгледува документ што бил подготвен во односната / обвинетата странска држава? Доколку се немаат такви индикации, дотолку повеќе што се тврди дека се работи за „Платформа“ што била „донесена“ по изборите од 11 декември 2016 година, а што е повеќе од една година по разгледувањето и објавувањето на „Прегледот на ОРД“, извесно е дека Претседателот Иванов бил доведен во исклучително тешка и заблуда со крајно сериозни импликации, па дури и последици, се вели во соопштението.

 Во врска со „Прегледот на ОРД“, СМДС смета дека „извесно е дека Претседателот требал и морал да има предвид дека тие ставови се битно постари од изборите на 11 декември 2016 година“.

-Имајќи предвид и дека овој документ е изработуван во соработка со меѓународни организации, вклучувајќи го и ОБСЕ, факт е дека само два дена по изборите, ЕУ, на својот министерски состанок одржан на 13 декември 2016 година, ја потенцира важноста Македонија (и новата Влада) да се осврнат на овие прашања: „The Council recalls the importance of good inter-ethnic relations and stresses that the overdue review of the Ohrid Framework Agreement needs to be completed by the new government at the earliest, in an inclusive and transparent manner, and its recommendations implemented“, констатираат од Синдикатот на дипломатите.

Единствениот сегмент во кој Платформата и Прегледот не се совпаѓаат, според СМДС е истакнувањето барање за некаква резолуција на македонското Собрание со која би се признал некаков геноцид на албанската популација во периодот 1912 – 1956 година.

– СМДС, поаѓајќи од фактот дека геноцидот и како концепт и како практична операција е во најтесниот делокруг на меѓународните односи и надворешната политика на сите земји, оценува дека е исклучително важно ова прашање да се отвори пред најшироката македонска јавност. Само во услови на изолација на албанската заедница во Македонија, гледано од аспект на другите заедници во Македонија, може да цветаат такви искривоколчени историски толкувања со кои се генерира неосновано незадоволство кај албанската заедница, па дури и репродуцира чувство на некаков вид опресија, што е, разбирливо крајно навредливо за „другата“ страна и одлична „храна“ за определени екстремни кругови. Само отворена, аргументирана и научно поткрепена јавна дебата може да се справи со ваквите општествени девијации и да попречи Македонија да се стекне со можеби најнегативното светло во меѓународната заедница – како сторител на геноцид, се вели во соопштението.

Синдикатот на македонската дипломатска служба смета дека и сите елементи на „Платформата“ треба да бидат најјавно дискутирани во функција да се изградат јасни критериуми што од нив потенцијално може да го наруши унитарниот карактер на Државата, а што од нив би можело да значи унапредување на интеретничката интеграција во граѓанска Македонија.

– Во тој контекст, нагласуваме дека независно што околу наведените детерминанти толкувањата одат од една до друга крајност, практично само преку процесот на јавна дебата може да се добие аналитички пристап од повеќе перспективи и најразлични специјалности, вклучувајќи ги и видувањата на професионалниот сегмент на Министерството за надворешни работи. Примената на аналитичкиот пристап по автоматизам значи спречување на апетитите за инфилтрирање на партиски интереси во државните работи, со што во континуитет се минимизираат суштинските потреби за вистинско толкување и нивна примена во реалниот конституционален живот на Република Македонија, а се’ со цел да не стане ранливо владеењето на правото и нормалното функционирање на институциите на државата, вклучувајќи ги и вредносните  капацитети на парламентарната демократија, се вели во соопштението.

СМДС, на крајот, го повикуваат Претседателот Иванов „да ги преиспита своите сознанија, да не се базира само на медиумски јавувања (посебно кога се работи за изнесување оценки каде се инволвирани странски држави), туку напротив – да направи консултации и со професионалната дипломатија, па дури потоа да зазема ставови што имаат недвосмислени последици по меѓународната положба на Македонија, додека меѓународната заедница, исто така, би можела, наоѓајќи разбирање за заблудата во која тој западнал, да го продолжи актуелниот тренд и да му помогне од истата и да излезе“.

Иванов писмо Платформа СМДС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.