Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот под жесток притисок да го прифати зголемувањето од 10 отсто во образованието

0
By Соња Крамарска on April 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 18, 2022 11:25

По двонеделниот штрајк кој предизвика различни коментари во јавноста, синдикатот на образованието се најде под жесток притисок да ги прифати понуденото 10 отсто зголемување на платите кое во сума изнесува околу 2.500 денари.

Премиерот Димитар Ковачевски пред малку остро реагираше дека одбивањето на понуденото покачување е уцена од страна на синдикатот.

„Со одбивањето на понудата за покачување на платите од 10 отсто, СОНК реши да продолжи со уцени кои се единствено на штета на образованието на учениците и им го отежнува секојдневието на родителите. И во вакви тешки услови на светска криза, ние сме веројатно единствената Влада која овозможи историско зголемување на платите и пензиите и силно финансиски ги поддржа граѓаните.  Но, и покрај сѐ, синдикатот смета дека покачувањето на платите од 2.500 денари е малку. Во услови кога со антикризните мерки кои ги донесе владата сметките на граѓаните се помали за 4.000 денари месечно. Ова едноставно не може да се смета за разумен став туку за очигледен притисок со што е евидентно дека СОНК личните интереси го става пред оние на децата“, реагира премиерот.

Ковачевски вели и дека од 2017 година платите во образованието се зголемени за 21 процент. „Со овие дополнителни 10 отсто тоа би биле 31 отсто покачување кои за СОНК не се доволни. За споредба, за пет години, од 2011 до 2016 година платите во образованието беа покачени за само 4 отсто“, порача тој.

И коалицискиот партнер ДУИ настапи со слична осуда кон синдикатот обвинувајќи го за политичка агенда против учениците и родителите.

„Одбивањето на зголемувањето за 2.500 денари или 10 отсто на платите од страна на обединетиот Синдикат за образование, наука и култура  како и методологијата за постепено зголемување и трајно решавање на социјалниот статус на образовниот кадар, е политичка агенда против учениците и родителите“, соопшти партијата.

Демократската унија за интеграција, од чии редови е министерот за образование Јетон Шаќири смета дека со одбивањето на понудата дадена од Владата, синдикатот ги става личните интереси над интересите на учениците, додека штетата оди на сметка на наставниците и учениците.

„Нетолерантно е да не се одржува настава во услови како денешните кога цел свет се соочува со пандемијата, економската и енергетската криза, додека Владата и Министерството за образование прават максимални напори за нормализирање на образовниот процес“, реагира ДУИ повикувајќи го наставниците и учениците да се вратат во училниците. (Р.Н.)

втора недела штрајк во образование Димитар Ковачевски ДУИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.