Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Синедејс“: Фестивал на европски филм од 7 до 15 ноември во Скопје

0
By Нова ТВ on November 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со премиера на филмот „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски, на 7 ноември во кино „Милениум“ ќе биде отворен 18. Фестивал на европски филм „Синедејс“. На затворањето на 15 ноември ќе биде прикажан „Beyond the Horizon“, македонско–швајцарска копродукција со француската актерка Летиција Каста во главната улога.

Покрај филмовите за награди во официјалната селекција и во програмата „СинеБалкан“, „Синедејс“ и годинава ќе има атрактивна гала-програма со најдобри и наградувани филмови на европските фестивали и најнови остварувања на Џим Џармуш, Вуди Ален, Франсоа Озон, Фатих Акин, Роман Полански, браќата Дарден, Педро Алмодовар, итн.

Во програмата на музичките документарни филмови, премиерно ќе биде прикажан филмот „Небеска тема” посветен на животот и музиката на Влада Дивљан, со гости од филмот и концерт на групата „Звук улице“, негов прв бенд пред „Идоли“. Премиерата ќе биде придружена со изложбата „Влада“ на фотографката Горанка Матиќ, која ја следела неговата кариера.

Во оваа програма премиерно ќе биде прикажан и македонскиот музички документарен филм „Ќеиф” во режија на Блаже Дулев, кој го следи развојот на чалгијата во земјава. На проекцијата посветена на чалгиите ќе настапи  составот „Чалгии мерак“. Ќе биде прикажан и филмот „Туста“ посветен на пејачот на групата „КУД Идиоти“, со промоција на книгата „Живот са идијотима“, автобиографска книга на поранешниот басист на панк-составот од Пула, Ненад Маријановиќ, Д-р Фриц, кој и ќе гостува во Скопје за промоцијата на книгата. Во музичката програма премиерно ќе биде прикажан и филмот „Стакло“ во режија на Нина Маџиров, која го посветува на својот татко, изведувачот Зоран Маџиров.

„Синедејс“ годинава се приклучува кон светското одбележување 50 години од првото емитување на комичната серија „Monty Python’s Flying Circus” на „Би-Би-Си“ во 1969, која колективот денес ја презема како годишнина од формирањето на групата со низа специјални настани низ Велика Британија и Европа. На „Синедејс“ ќе има специјални проекции на нивните пет филмски остварувања („And now for something completely different”, „The Meaning of Life”, „Live at the Hollywood Bowl”, „Monty Python and the Holy Grail” и „Life of Brian”). Специјален гостин ќе биде продуцентот Стив Абот, нивни долгогодишен соработник и продуцент на филмските остварувања, кому на „Синедејс“ ќе му биде врачена наградата за животно дело за ангажман со Монти Пајтон.

И оваа година македонските кратки филмови ќе се прикажуваат пред филмовите од официјалната селекција и програмата „СинеБалкан“ во киното „Фросина“. Студентската програма има специјално селектирани студентски филмови од регионалните филмски академии, а во рамки на програмата за најмладите повторно со бесплатни проекциите на детски филмови. Новитет оваа година е воведувањето на Програма за млади (тинејџерски филмови).

Македонија во ЕУ програмата традиционално ги прикажува најновите европски филмски остварувања во кои македонски продукциски куќи учествуваат како малцински продуценти, а тука ќе бидат прикажани најновото остварување на Дамјан Козоле, „Полусестра“, каде што малцински продуцент се „Сестри и брат Митевски“, „Глас“ во режија на Огнен Свиличиќ, каде што македонски продуценти се „Скопје филм студио“, „Покрај маглата“ во режија на Горан Паскаљевиќ на „Сектор филм“ од Скопје и „Пијавици“ во режија на Драган Маринковиќ, каде што наш малцински продуцент е „Панк филм“.

Покрај наградите за филмовите од натпреварувачките селекции, годинава „Синедејс“ воведува и нова награда за најдобра филмска музика на авторски филм, а жири ќе одлучи за најдобрата музика на филм од компетитивните селекции.

Ќе има и придружни настани, работилници, концерти, како и специјален настан  „Off CINEDAYS” на 16 ноември, ден по завршување на фестивалот, кога ќе биде презентиран проектот „CON FRONT“. Фестивалот и годинава соработува со онлајн-платформата „CINESQUARE“ (cinesquare.net) на која ќе бидат достапни филмови од претходните изданија на „Синедејс“.

Билетите за филмовите од гала-програмата се 150 денари, а 100 денари ќе чинат проекциите во официјалната селекција, програмата „СинеБалкан“, музичките документарни филмови (освен тие што ќе се прикажуваат во „Џебно кино“ кои се бесплатни) и за МК во ЕУ програмата. Останатите проекции се бесплатни.

Организацискиот тим на фестивалот годинава имаше нова комуникациска стратегија и наместо на класична прес-конференција, програмата за „полнолетниот“ „Синедејс“ ја соопшти дигитално, со пренос во живо на фејсбук-страницата на Младинскиот културен центар (МКЦ).

култура Синедејс фестивал филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.