Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синот на Никовски го советувал Груевски за 3,000 евра месечно

4
By Нова ТВ on August 17, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советникот на владата си ангажирал и свој советник кој исто така бил плаќан од буџетот. Армијата советници на Груевски броела повеќе од 80 лица.


Синот на поранешниот диплoмат Ристо Никовски, Александар Никовски, како еден од советниците на поранешните премиери Никола Груевски и Емил Димитриев, добивал месечен хонорар од 3.000 евра. Од документите до коишто дојде НОВА ТВ може да се  види дека тој станал советник на Груевски во 2014 година и во неговиот договор е посочено дека тој е ангажиран за да ги советува премиерите по прашања поврзани со странските инвестиции. Последниот договор на помладиот Никовски бил склучен во 2016 година во месец октомври или непосредно пред предвремените парламентарни избори. Подоцна договорот го засилил и со анекс со кој што Владата покрај месечниот хонорар му обезбедила и патни трошоци, трошоци за храна и хотелско сместување, трошоци за репрезентација и за телефонски сметки.

Советник на советникот

Советникот Никовски освен својот хонорар добил и свој советник, па така за советник на советникот бил назначен извесен Иван Андревски. Според информациите на неговиот Линкедин профил, Андревски дипломирал на приватниот универзитет ФОН во 2012 година, а истата година веднаш се вработил во Државната агенција за статистика како помлад соработник. Оттаму заминува да работи во владата и да го советува советникот Никовски за странските инвестиции.

Биографијата на Никовски, според неговиот професионален профил на Линкедин е значајно пообемна од онаа на неговиот советник, па нејасно се основите за неговиот ангажман и критериумите на избор и зошто на постариот и поискусен Никовски би му требале совети од советник без искуство. Членови на семејството Андревски работат и во странските инвестиции во Македонија, ова го покажаа анализите на НОВА на социјалните мрежи.

Иван Андревски

Според информациите на НОВА ТВ, ангажманот на Никовски и Андревски продолжил и по парламентарните избори. Тие двајцата биле на службено патување во име на Владата во Италија и Австрија кон крајот на мај годинава, а само за авионски сметки за нив се платени 1.400 евра. Засега нема информации каква била целта на патувањето на советниците на екс премиерот Димитриев во Торино и Виена.

Александар Никовски

Александар Никовски е син на поранешниот дипломат Ристо Никовски кој е еден од аналитичарите кои се во првите редови на провладините медиуми и кој ги брани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на надворешната политика. Ристо Никовски исто така е тврдокорен во своите изјави дека САД води негативна политика кон Македонија и ги критикува евроатланските интеграции на земјава и регионот.

НОВА ТВ се обиде да стапи во контакт со Александар Никовски, но на единствениот телефонски број во Лондон каде што живее се јавува автоматска секретарка. Според пишувањата на дневниот весник „Фокус“, името Александар Никовски се јавува на списокот донатори на кампањата на претседателот Ѓорѓе Иванов во 2014 година.

Никовски постариот, пак, рече дека тој не би сакал да зборува во име на неговиот син. За владиниот советник и негов син рече дека е на одмор и дека во моментов не би можеле да го добиеме за коментар.

Ристо Никовски

Последниот договор на Никовски е склучен на 27 октомври и е со важност до 27 октомври годинава. НОВА ТВ праша во владата дали договорот на Никовски се уште е активен, а оттаму ни одговорија дека е раскинат со доаѓањето на новата администрациија на СДСМ.

НОВА ТВ веќе објави дека поранешниот премиер, Никола Груевски, во одредени периоди имал 86 советници. Како што пред неколку месеци беше обелоденето, еден од нив е поранешниот британски пратеник од редовите на конзервативците и член на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Роберт Валтер. Тој за неговиот ангажман како надворешен соработник на премиерот Емил Димитриев добивал месечно 7000 евра плус за патни и хотелски трошоци.

Според информациите на НОВА ТВ, Валтер бил ангажиран како „истакнат експерт со посебни знаења и искуства од областа на надворешните работи и влијателни контакти со државници и дипломати во НАТО, Европската Унија и Обединетото Кралство со цел поддршка на напорите на Македонија во процесот на евроатлантската интеграција, унапредување на билатералните односи со западноевропските земји и промоција на политиките на Владата пред високи странски носители на државни и политички функции“.

Роберт Валтер

Валтер имал обврска да одржува и редовни комуникации со меѓувладини организации, парламентарни и владини тела, невладини и тинк – тенк организации.

Договорот со Валтер е склучен на 10 октомври минатата година, а е со важност до 30 септември годинава. Од Владата за НОВА ТВ потврдија дека и договорот со Валтер е раскинат со заминувањето на поранешната влада.

 

 

 

Александар Никовски Влада Емил Димитриев Никола Груевски Ристо Никовски Роберт Валтер советник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.