Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СИРИЗА до Нова демократија: Доста играте со европската иднина на С. Македонија

0
By Sashko on June 25, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголемата грчка опозициска партија Сириза ја повика Владата на премиерот Кирјакос Мицотакис во најкус можен рок да ги ратификува трите меморандуми што се потпишани со Северна Македонија, како дел од Договорот од Преспа, по најавите дека Атина размислува за понатамошно одложување на процесот, пишува денеска „Еурактив“.

„Еурактив“ наведува дека твитот на премиерот Зоран Заев оти националниот фудбалски тим е составен од „македонски играчи, албански играчи, Бошњаци, итн., тие се Македонци и ја претставуваат Република Северна Македонија“, предизвика силна реакција од грчката владејачката Нова демократија, која излезе во јавноста со најава дека привремено ќе го замрзне ратификувањето на трите меморандуми.

Меморандумите, кои се однесуваат на економската соработка меѓу двете земји, забрзувањето на пристапот на Северна Македонија кон ЕУ и контрола на воздушниот простор, се замрзнати повеќе од една година и требаше да бидат ратификувани во јули.

– Донесете ги меморандумите во Парламентот. Престанете да играте со европската иднина на Северна Македонија и со европските интереси во регионот и проблематичниот Балкан, изјави пратеникот на Сириза, Костас Захаријадес, додавајќи дека секое одложување го зголемува влијанието на Турција во регионот.

Според Захаријадес, Владата бара изговор за одложување на процесот поради противењето на некои пратеници од Нова демократија.

„Еурактив“ потсетува дека Договорот од Преспа беше потпишан кога Сириза беше на власт. Нова демократија тогаш беше против, но по доаѓањето на власт се изјасни дека ќе го почитува зашто станува збор за меѓународен договор.

Грција Македонија Меморандуми Нова демократија Свет Сириза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.