НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Систем кој убива луѓе, а не лебарки

0
By Менче Атанасова Точи on November 24, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На скопските клиники не се главен проблем лебарките, за кои толку многу се коментира на социјалните мрежи. Се разбира, недозволиво е да ги има. Но, ако ја преживеете голготата од една клиника до друга, ако ги изодите долгите ходници и лавиринтите од една до друга зграда, а при тоа да ви биде поставена дијагноза на болеста, вие сте победник на специјалната лотарија наречена живот и можете да рачунате дека сте чекор пред болеста.

Лебарките, тие мали суштества кои виреат таму ќе ви бидат најмал проблем. Дури и ќе ги гледате рамнодушно, како друштво во самотијата во тешките болнички денови.  Тие нема да си одат и да ги бркате, тука се да ве потсетат на здравствениот систем за кој редовно плаќате осигурување, а тој не смогнал сили да се справи со нив. Систем кој убива луѓе, а не лебарки.

Пред  некој ден ја прочитав колумната на колегата Ерол Ризаов во која зборува за неговиот млад пријател Ренато кој починал на скопските клиники, откако со возило на Итната медицинска помош бил донесен од Гевгелија. Младиот човек по 11 часа лутање низ ходниците, од клиника до клиника, починал на Клиниката за кардиологија,  откако на КАРИЛ не сакале да го примат. Ренато починал без да му биде поставена дијагноза. Причината за смртта е откриена откако била извршена обдукција.

А, кога тргнал од Гевгелија се надевал дека доаѓа на вистинското место, во Универзитетски клинички центар, врвот од пирамидата на македонскиот здравствен систем. Но, не е така, скопските клиники не се тоа што треба да бидат. Ренато немало да почине ако навреме му била поставена дијагноза, ако бил згрижен на едно место и му била пружена помош на време. Наместо тоа, младиот човек бил разнесуван по ходниците, бил малтретиран од врата до врата, од клиника до клиника, цели 11 часа. Како ли само се чувствувалe, тој и неговото семејство.

Никој не заслужува така да умре.  Тоа е голема болка за која сведочат само зидовите на болничките соби, одделите за интензивна нега, ходниците. Тие ги дочекуваат и испраќаат болните. Тие ја впиваат цела тага на семејствата кога ќе го изгубат најмилиот, а не се ни свесни што се случува . Ренато е еден од нив. Но, не е единствен.

Скопските клиники се проблем сами по себе. Прво, проблем се зградите кои се наоѓаат во ист круг, но доста оддалечени една од друга. Пациентите се носат во тешка состојба, со мозочни крварења, со температура, по снег, дожд или сонце на снимање или преглед на друга клиника. Патот го усложнуваат дупките и коцката по кои тешко се оди со расклиманите колички и носилки со кои кубурат клиниките.  Нели пациентот не смее да се мрда во такви ситуации? Не да се мрда, мозокот ќе му се растреси.

Но,внатрешната поставеност на клиниките пак, како издвоени единици една од друга е проблем не само во делот на финансирање, одржување, менаџирање. Тоа е голем проблем кој ги засега пациентите. Секоја клиника  е специјализирана  за посебна област, таква е организациската поаставеност, а лекарите буквално така ги гледаат работите. Ако ви испитуваат стомак, ќе ви кажат дека не е во нивен домен  силната болка што ја чувствувате во главата. Доколку пациентот има среќа да биде хоспитализиран може во таква ситуација да дојде да го прегледа лекар од друга клиника. Но, пак на снимање, ЕХО или други испитувања, ќе треба да го оди истиот пат во придружба на болничар.

Доколку е амбулантски случај, тогаш болничките ходници немаат граница, а количката(за која сте платиле 200 -300 денари или во најдобар случај сте оставиле лична карта за да не ја украдете) ќе треба да ја турка семејството. Нема клиника која ќе го прифати и ќе го испита пациентот од глава до петици и ќе му постави дијагноза. Такво нешто не постои. А, лекарите специјализирани за една област, не гледаат нешто што е од друга област. Тие само ве препраќаат од клиника до клиника, се враќате назад, па ве упатуваат на трета клиника и се така, повторно и повторно. До изнемоштеност од одење по ходниците, од чекање од врата на врата.  Доколку успеат да ви постават дијагноза, вие сте среќен човек. Без разлика што сте болен. Добивате во време, имате шанса за живот.

Во тој исцрпувачки пат по ходниците и лавиринтите згаснуваат многу животи. Без поставена дијагноза. Исто како Ренато.  И никој не одговара за тоа. И доколку тужите, на кого ќе гласи тужбата? На име на здравствениот систем, на тој гломазен апарат каде што се инволвирани сите, а никој не  чувствува одговорност?

Затоа е толку неопходна една заедничка зграда и топли ходници по кои ќе се движат пациентите. Ни треба Клинички центар кој нема да го гледаме само на слика, за чија изградба нема да не лажат три години, како досега. Повеќе од неопходна е една интерна клиника во која ќе се третираат и згрижуваат пациентите без да се препраќаат од клиника до клиника. Потребни се лекари кои ќе знаат се за човечкото тело, а не само за поедини делови и органи. Потребен е Клинички центар во кој пациентот ќе биде третиран како човек, каде ќе може да се лекува достоинствено.

И ако нема спас, ако е направено се како што треба, барем од овој свет да си замине достоинствено. Вака имаме и ќе имаме многу случаи како Ренато.  Впрочем, сите ние сме потенцијални пациенти како Ренато. Во Клинички центар, во здравствен систем кој убива луѓе. Затоа, велам дека лебарките се најмал проблем. Се разбираме, нели?

 

 

 

клиники лебарки луѓе систем
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.