Филип Стојановски: Сите знаат, ама може треба и да се потсетиме експлицитно, дека „навивачките“ пароли од типот „секс со битолчанки“ не се понуди за водење љубов меѓу консензуални возрасни лица, туку повици за кривично дело „силување“
При тоа се подразбира групно силување, што би значело и кривично дело злосторничко здружување и тоа за злосторства од омраза и кривично дело говор на омраза, бидејќи жртвите се бираат по некоја групна припадност, како род и жителство на град.
И дека сето тоа е во контекст на користење државни ресурси за поддршка за „култура“ на инстиуционализирано хулиганство, развиена како дел од подготовка на партиски контролирани паравоени структури во текот на војните по распадот на Југославија во 1990-тите, при кои систематско силување беше едно од оружјата за остварување доминација.
И нормално, дека целата таа „култура“ нема врска со позитивните вредности на спортот, туку ги злоупотребува и извртува на најодвратни начини.
Извор: Фејсбук



