Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ситуацијата со Украина и подготовките за самитот во Мадрид-теми на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО

0
By НОВА ТВ Balaban on February 17, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 17, 2022 17:58

Ситуацијата во и околу Украина и подготовката за Самитот на Алијансата што ќе се одржи во Мадрид во јуни годинава, беа главни теми на дискусија на дводневниот  состанок на министрите за одбрана во рамки на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел на кој учествуваше и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, во рамки на состаноците, министрите за одбрана на земјите–членки на НАТО го потврдиле со заедничка изјава единството во заштитата на безбедноста на земјите–членки и колективната одбрана, силната определба за мирно решавање на ситуацијата во и околу Украина и за изнаоѓање на политичко решение за кризата. Изразена е и силна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. За надминување на оваа ситуација, се додава во соопштението, продолжува и определбата за дипломатско решение преку консултации со сите инволвирани страни, земји партнери и Европската Унија.

Воедно, се дискутирало и за идната поставеност на Алијансата за зајакната поддршка на членките на источното крило. Во однос на подготовката за Самитот на НАТО во Мадрид, земјите– членки постигнале согласност да се апострофираат клучните прашања за зголемување на воените способности, инвестициите во одбраната, капацитетите за отпорност, како и зајакнување на напорите за технолошки иновации.

-Во рамките на дискусијата за рамномерно споделување на товарот, министрите го поздравија континуираното седумгодишно зголемување на средствата за одбрана на Алијансата, со цел достигнување на 2 отсто од БДП за средства за одбрана, од кои најмалку 20 отсто за нова опрема, истражување и развој. Во тој контекст, министерката Петровска истакна дека Северна Македонија веќе петта година по ред бележи континуирано зголемување на средствата за одбрана. Во 2022 година, средствата за одбрана изнесуваат 1,77 проценти од БДП, со што нашата држава до 2024 година ќе го достигне нивото од 2 отсто. Оваа година се обезбедени над 30 проценти за опремување на вооружените сили со што Северна Македонија се вброи во групата од 24 сојузници кои ги исполнија насоките од Велс по однос на опремувањето, се наведува во соопштението. 

Министерката Петровска, соопштувајќи ја заедничката изјава на министрите за одбрана на Албанија, Хрватска, Црна Гора и Северна Македонија, ја поздравила соработката со партнерите Грузија и Украина. Таа ги поздравила и напорите на двете земји во имплементацијата на одбранбените реформи, изразувајќи ја подготвеноста за споделување на искуствата и научените лекции од интеграцијата во Алијансата и постигнувањето на целосна интероперабилност.

Во однос на соработката меѓу НАТО и ЕУ, министерката Петровска истакнала дека двете организации се засноваат на исти вредности и споделуваат исти безбедносни закани. Од таа причина се заложила за унапредување на меѓусебната координација на области од заедничко значење, како справувањето со сајбер и хибридни закани, борбата против тероризмот, климатските промени и отпорноста. Воедно, истакнала дека политиката на „отворена врата“ е основен принцип на европската безбедност и дека проширувањето на ЕУ треба да се забрза во насока на зајакнување на стабилноста. 

Северноатлантскиот совет на НАТО Славјанка Петровска Состанок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.